Free songs
Home / бабини рецепти / Сезона на вируси – бабин лек како да се борите со нив

Сезона на вируси – бабин лек како да се борите со нив

За јакнењето на имунитетот доволно е да набавите неколку намирници и од нив да направите коктел и да го консумирате секој ден.

Неколку едноставни напивки за јакнење на имунитетот:nastinka grip temperatura

  •   Земете корен од ѓумбир, и сварете го како чај. Откако малку ќе се олади, додадете мед и лимон. Ѓумбирот проварете го во вода, оставете го да отстои пет минути и додадете чај од камилица. Процедете и додадете сок од лимон и мед.
  •   Сварете цимет, и откако ќе се олади додадете мед

За јакнење на имунитетот важно е и доволно да спиете, бидејќи ненаспаноста го исцрпува организмот, па тој е поподложен на болести.

    • 100 гр. сушена кајсија
    •   50 гр. аронија
    •   100 гр. суви смокви
    •   200 гр. суви сливи
    •   1 среден корен од ѓумбир
    •   100 мл. сок од лимон
    •   100 гр. бадеми
    •   100 гр. ореви
    •   50 рг. лешници
    •   50 гр. брусница
  •   3 лажици мед со прополис и матичен млеч
  •   250 гр. мед

 

Сите состојќи ставете ги во стаклен сад, но крупното сушено овошје претходно исецкајте го, јатастите плодови сомелете ги, а ѓумбирот изрендајте го. Се заедно испасирајте со миксер. Сирупот ставете го во некоја стаклена тегла или сад и оставате да отстои неколку дена пред употребата.

Сирупот може да го консумираат и деца постари од две години, по мала лажица секое утро. Постарите деца и возрасни земаат по една голема лажица на ден.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top