Free songs
Home / бабини рецепти / Руски народни лекови за простата

Руски народни лекови за простата

Семки од тиква против простатитис

prostataСмелете 500 грама излупени непечени семки од тиква и додајте чаша густ мед. Сето ова добро измешајте го и направете топчиња со пречник од 1-1,5 сантиметри. Земајте по едно топче секое утро пред појадокот, с` додека не ги изедете сите. Оваа кура треба да се повторува еднаш годишно.

За превенција и лекување на воспалена простата во руската народна медицина се користи следниот рецепт: половина шолја иситнета кора од јасика (Lat. Populus tremula L) сипете во неоштетено емајлирано тенџере, па прелијте со половина литар зовриена вода. Тенџерето ставете го во друг поголем сад со врела вода и варете на пареа 20 до 30 минути. Кога чајот ќе се излади, процедете го, а за да ја намалите горчливоста додајте мед.

Од овој чај пијте по 150 грама, трипати дневно пред јадење. Многу е лековит и особено се препорачува да се пие наесен.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top
trusted online casino malaysia minyak dagu mega888 pussy888 xe88 apk joker123 super 8 ways ultimate casino malaysia live22 mega888 免费电影 casino malaysia 918kiss