Free songs
Home / нови лекови / Родено првото бебе од јајчник замрзнат во детството

Родено првото бебе од јајчник замрзнат во детството

Една жена во Белгија е прва во светот која родила бебе по пат на трансплантирано ткиво од јајчникот, кое е замрзнато кога била дете, рекле лекарите.

eho bremenaНа оваа 27-годишна жена и е отстранет едниот јајчник кога имала 13 години, пред почетокот на инванзивниот третман за лекување на т. н. српеста анемија. Нејзиниот друг јајчник престанал да функционира по лекувањето, што значело невозможност за зачнување без трансплантација.

Стручњаците се надеваат дека таа процедура би можело да им помогне на другите млади пациентки.

Жената родила здраво момче во ноември 2014 година, а деталите за тој случај се објавени пред два дена во весникот „Хјуман репродакшн“.

На жената и била дијагностицирана српеста анемија кога имала пет години. Таа емигрирала од Република Конго во Белгија, каде лекарите сметале дека нејзината болест е толку тешка така што и била потребна трансплантација на коскената срж со помош на соодветно ткиво од нејзиниот брат.

Пред пристапувањето на трансплантацијата на коскената срж, лекарите морале да ја подложат на хемотерапија за да го онеспособат нејзиниот имунолошки систем и да го спречат отфрлувањето на туѓото ткиво.

Хемотерапијата може да ја уништи функцијата на јајчниците, па и го отстраниле десниот јајчник и замрзнале делови од ткивото. Преостанатиот јајчник престанал да функционира кога имала 15 години.

Жената 10 години подоцна одлучила дека сака дете, па лекарите и „накалемиле“ четири фрагменти од јајчникот на нејзиниот преостанат јајчник и 11 фрагменти на другите локации во телото.

Пациентката природно забременила во 27-та година, откако спонтано добила менструален циклус.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top