Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!
Free songs
Home / природен лек / Рибиното масло го подмладува мозокот

Рибиното масло го подмладува мозокот

Во текот на повеќе научни истражувања докажано е дека рибиното масло е корисен додаток во исхраната, но последните студии покажуваат дека тоа може да се користи и како превенција од некои заболувања. Покрај тоа што содржи омега 3 масти кои влијаат против стареењето, рибиното масло може да биде и заштитник на мозокот и клетките во целокупниот организам. Рибиното масло, според нутриционистите, е вистинска храна за мозокот бидејќи ја подобрува концентрацијата, меморијата и придонесува за подобро функционирање. Бистриот ум ќе се одржува ако во текот на исхраната го додадеме рибиното масло, барем со една лажичка дневно.

Го намалува ризикот од дијабетес

oleo_de_peixeПоследното истражување спроведено од австралиски научници, покажува дека рибиното масло во комбинација со традиционално користените препарати од групата на статини го нормализира составот на крвта кај луѓето со зголемена тежина и ризик од дијабетес, а тоа помага да се намалат шансите за појава на болеста.

Раководителот на истражувањето Џералд Вотс од Универзитетот на Западна Австралија во Перт тврди дека комбинираната терапија е многу ефикасна.

Во истражувањето учествувале пациенти со прекумерна дебелина и знаци на почетен дијабетес. Кај нив било забележано нарушување во составот на крвта, особено зголемено ниво на триглицериди и на “лошиот” холестерол, а исто така и намалување на “добриот” холестерол.

Учесниците биле поделени во четири групи и во текот на шест недели, првата добивала комбинација од рибино масло со статини, другите две – само еден од овие препарати, а последната – неактивно плацебо.

vitaminРезултатите покажале дека комбинацијата на статини и рибино масло ги нормализира липидите. Секој од двата лека дејствува поединечно, ако статините го намалуваат нивото на холестерол, блокирајќи една од белковините што влегуваат во составот на “лошиот” холестерол, тогаш рибиното масло го нарушува формирањето триглицериди.

Научниците истакнуваат дека ниту еден од препаратите не влијае врз користењето на инсулинот од клетките. Тие сметаат дека добиените резултати даваат сериозна причина да се направи темелно истражување на ефикасноста на комбинацијата од рибино масло и статини за намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести кај пациенти со инсулинска резистенција и дијабетес од втор тип.

Поврзаност со лековите

Во некои случаи рибиното масло го зголемува ефектот од лековите, во други го намалува. Комбинираниот прием на одредени лекови со рибино масло може да биде причина за развојот на некои несакани ефекти. Овие интеракции не се воопшто ретки. Рибиното масло е еден од најпродаваните адитиви за храната, а лековите во чиј прием тоа влијае се многубројни – од лекови за висок крвен притисок до контрацепција. Затоа, секогаш е добро да се консултирате со вашиот лекар пред да почнете да земате и додатоци во исхраната.

Варфарин, хепарин, аспирин, клопидогрел, дипиридамол и тиклопидин се лекови од групата на антикоагуланси и антиагреганти. Сите тие може да стапат во интеракција со рибиното масло, за да се зајакне нивниот ефект. Комбинацијата ќе се зголеми, но нивната заедничка примена треба да биде само под строга лекарска контрола.

riblje-ulje-kapsule-rukaРибиното масло го намалува крвниот притисок по природен пат. Ако земате истовремено лекови против хипертензија и рибино масло, крвниот притисок може да се намали повеќе од потребното. Симптоми на низок крвен притисок се конфузија, вртоглавица, лесен замор, слабост и губење на свеста.

Оралните контрацепции, пак, може да ги намалат придобивките од рибиното масло бидејќи го намалуваат поволниот ефект врз нивото на триглицеридите во крвта. Ако консумирате рибино масло со таа цел, подобро користете друг метод за заштита од несакана бременост.

Го намалува ризикот од Алцхајмерова болест

Редовната консумација на рибино масло помага за значително подобрување на работата на мозокот, особено кај постарите луѓе. Според пресметките на американските научници, секојдневната употреба на додатоци во исхраната кои содржат рибино масло, во текот на шест месеци го “подмладува” мозокот за околу три години.

Истражувачите од биотехнолошката кампања “Мартек” го набљудувале влијанието на рибиното масло врз неколку стотини здрави луѓе од средна возраст до 70 години и утврдиле дека оние што прифаќаат слични додатоци во исхраната, го намалуваат до двапати бројот на грешки за време на решавање специјални тестови за меморијата.

Според експертите од компанијата, рибиното масло може дури да спречи развој на Алцхајмерова болест, ако таа биде дијагностицирана во рана фаза.

Еликсир на младоста

Рибиното масло може да се смета за своевиден еликсир на младоста. Ова е мислењето на научниците од Универзитетот на Калифорнија, според кои омега 3 мастите кои ги содржи рибиното масло го забавуваат процесот на стареење.

Во процесот на своето истражување тие утврдиле дека овој тип масни киселини поседуваат способност да се заштити од распаѓање обвивката на оној дел од клетките во кој се содржи ДНК.

– Како резултат се зголемува животот на клетките и го забавува процесот на стареење на организмот како целина, посочува д-р Рамин Фарзане, водечки истражувач на студијата.

Научниците препорачуваат секоја недела во менито да има присуство на храна богата со омега 3 незаситени масти, на пример од рибите најчесто сардина, скуша, лосос и пастрмка, а од останатата храна, ореви, семки од тиква и соја.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top