Free songs
Home / нови лекови / РЕВОЛУЦИОНЕРНО: Откриен нов лек против ракот на кожата

РЕВОЛУЦИОНЕРНО: Откриен нов лек против ракот на кожата

rak koza1

Новиот лек, кој се смета за спектакуларно откритие, покажал одлични резултати дури и кај пациенти што имаат рак на кожата во напредна фаза

Судејќи според резултатите до кои неодамна дошле група научници, ракот на кожата наскоро ќе биде целосно излечива болест. Имено, откриен е лек кој веќе се смета за спектакуларно откритие и како такво покажало одлични резултати, дури и кај пациенти што имаат рак на кожата во напредна фаза.

Засега само еден од шест пациенти целосно се излекувал од оваа болест, но со примената на лекот бројот на излекувани ќе биде значително поголем.

Foter1

Професорот Александар Егермон од Институтот „Густав-Руси“ во Франција изјавил дека докторите сега за прв пат можат да го употребат зборот лек кога станува збор за третирање на ракот.

Тој истакнува дека се работи за голем напредок и дека докторите сега се во можност да контролираат дури и рак кој значително напредувал кај пациентите.

Ракот на кожата е најчест облик на рак, а она што е проблематично кај него е што се открива дури откако ќе метастазира и ќе се префрли на други органи, како што се бубрезите и белите дробови. Пациентите во таа фаза имаат само неколку месеци живот.

Прочитајте подетално на следниот – ЛИНК 

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top