Home / нови лекови / РЕВОЛУЦИОНЕРНО: Откриен нов лек против ракот на кожата

РЕВОЛУЦИОНЕРНО: Откриен нов лек против ракот на кожата

Новиот лек, кој се смета за спектакуларно откритие, покажал одлични резултати дури и кај пациенти што имаат рак на кожата во напредна фаза

rak koza1Научниците веруваат дека овој нов лек, кој успешно се бори против клетките на ракот на кожата, ќе покаже одлични резултати и кај другите типови од оваа злокобна болест. Засега само еден од шест пациенти целосно се излекувал од оваа болест, но со примената на лекот бројот на излекувани ќе биде значително поголем.

Судејќи според резултатите до кои неодамна дошле група научници, ракот на кожата наскоро ќе биде целосно излечива болест. Имено, откриен е лек кој веќе се смета за спектакуларно откритие и како такво покажало одлични резултати, дури и кај пациенти што имаат рак на кожата во напредна фаза.

На Европскиот конгрес за лекување на оваа злокобна болест се изнесени податоци за досегашниот сооднос на излекувани пациенти, тренд за кој се надеваат дека целосно ќе се промени.

Foter1Професорот Александар Егермон од Институтот „Густав-Руси“ во Франција изјавил дека докторите сега за прв пат можат да го употребат зборот лек кога станува збор за третирање на ракот. Тој истакнува дека се работи за голем напредок и дека докторите сега се во можност да контролираат дури и рак кој значително напредувал кај пациентите.

Првиот лек што се појавил бил „ипилимумаб“ или „МДК-010“, кој во комбинација со „анти-ПД1С“ дава одлични резултати при лекувањето. Лекот им се дава на пациентите преку инфузија, која трае еден час, а по третманот тие си заминуваат дома. Во период од 12 недели пациентите примаат четири третмани, а со малку среќа уште при првиот имунолошкиот систем сам почнува да ги уништува клетките на ракот.

Ракот на кожата е најчест облик на рак, а она што е проблематично кај него е што се открива дури откако ќе метастазира и ќе се префрли на други органи, како што се бубрезите и белите дробови. Пациентите во таа фаза имаат само неколку месеци живот.

Од рак на кожата годишно умираат по околу 100 илјади луѓе, а се верува дека благодарение на новите откритија, во наредните десет години оваа злокобна болест ќе биде целосно излечива.

(Телеграф.мк)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top