Free songs
Home / нови лекови / Пронајдена вакцина против инфаркт

Пронајдена вакцина против инфаркт

Научниците од Харвард институтот создадоа вакцина против инфаркт која до 90% може да го намали ризикот од срцеви напади, информираше The Daily Telegraph.

Лекот, кој ќе биде на располагање на пациентите во наредните 10 години може да биде алтернатива на лековите кои обично се користат за да се намали ризикот од напади.

srcev-udar

За разлика од досега постоечките лекови сепак новата вакцина не бара постојана употреба, доволно е да се користи само еднаш. Таа влијае на генот PCSK9, кој се наоѓа во црниот дроб.

Утврдено е дека нарушувањето на работата на генот доведува до зголемување на холестеролот во кардиоваскуларниот систем, што од своја страна го зголемува ризикот од инфаркт.

Според зборовите на шефот на истражувачката група која го разви лекот- Киран Мусунуру, во денешно време секој втор маж и секоја трета жена над 40 години страдаат од срцеви напади.

Според него, една инјекција може да ја намали инциденцата на миокарден инфаркт од 30% до 90%.

Вакцината веќе е тестирана на глувци, а резултатите се позитивни.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top