Free songs
Home / аларм / Паника и аларм од лекарите: 7 бактерии целосно отпорни на антибиотици

Паника и аларм од лекарите: 7 бактерии целосно отпорни на антибиотици

Многу заразни болести кои денес се сметаат за помалку опасни би можеле повторно да станат голема закана доколку не се преземе нешто против нивната отпорност на антибиотици, предупредува Светската здравствена организација.

labaratorijaОрганизацијата во новиот извештај посветен на отпорноста на микроорганизмите на антибиотици, истакнува дека “таа сериозна закана не е само можност туку и реалност во сите делови од светот, и дека секој, без разлика на возраста и земјата во која живее, може да биде погоден”.

Доколку светските лидери не преземат нешто брзо по тоа прашање, светот е на пат кон “постантибиотичка ера во која обичните инфекции кои веќе со децении се излечиви, може повторно да убиваат”, предупредува Кејџи Фукута, заменик главен директор на СЗО за санитарна сигурност.

“Доколку не преземеме значајни мерки за подобра превенција, но и доколку не го смениме начинот на кој ги произведуваме и користиме антибиотиците, малку по малку ќе ја изгубиме нивната корист, а последиците ќе бидат катастрофални”, порачува тој.

Извештајот, кој се темели на податоци собрани во 114 земји, става најголем акцент на отпорноста на антибиотици на седум бактерии кои предизвикуваат тешки болести, како што се хематолошките инфекции, дијареја, пневмонија, зараза на мочните патишта и гонореја.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top