Home / природен лек / Семе од афион – за жед, треска, воспаление, иритација на абдоменот

Семе од афион – за жед, треска, воспаление, иритација на абдоменот

Семето од афион е она што се деривира и преработува од растнието афион (Papaver somniferum). Овие семиња не содржат наркотични својства. Иако е точно дека непроцесираното семе на растението содржи алкалоиди како морфиум, лек за болка кој создава зависност, обработените зрна се користат во секоја кујна . Тие се мали и деформирани во обликот, црно-сини по боја, а имаат вкус како јаткасто овошје. Освен тоа, афионот е многу здрав и има големи нутритивни квалитети.

afionСемето од афион е ефективно во спречување на жедта, треска, воспаление, констипација и иритација на абдоменот. Семето од афион е една од најпотребните состојки во современата медицина. Семето од афион игра важна улога во дневната доза на минерали која треба да ја примите.

Тој е богат со јод, манган, цинк, магнезиум и јаглен. Ова семе може да се користи и како лосион за кожа во комбинација со млеко бидејќи добро ја навлажнува кожата. Семето од афион содржи линолеична киселина која е корисна во превенцијата од срцеви болести и болки во абдоменот.

Семето претставува одлична доза на масни киселини кои се потребни за физиолошката состојба на телото. Богато е со омега-3 масни киселини. Помагаат при лечење на респираторни болести, инфективни болести, дијареа, и проблеми со спиење. Семето од афион содржи помала количина на алкалоиди кои се користат при лечењето од нервни болести.

Семето од афион може да се користи како вкусен додаток за слатки, секакви видови главни јадења, како зачин кој се комбинира со сирење, јајца, пити, благи теста, леб, сосови за месо и риба, зеленчук и тестенини.

Алкалоидите на афионот, дериватите фенантрен, главно дејствуваат на централниот нервен систем предизвикувајќи комбинации на депресивни и стимулативни ефекти. Предизвикуваат анестезија (ублажување на болката), намалување на кашлицата, а влијаат и на отежнато дишење.

Покрај тоа, имаат и патемни дејства, кои се забележуваат во зајакнувањето на затегнатоста на мазните мускулатури, а ги опуштаат попречно пругастите мускули. Наспроти тоа, алкалоидите, деривати на бензилизохинолинот (пред сè, папаверинот) не делуваат на централниот нервен систем, но затоа особено делуваат на мазните мускули. Морфинот е аналгетик, кодеинот е антитусик (средство против надразнето кашлање), папаверинот е смазмолитик (против грчеви во мазните мускули) и се препишува при силни стомачни болки, грчеви во цревата…

Афионовото семе не е отровно, напротив, многу е хранливо и нема опасност дека колач од афион содржи морфин или некој друг алкалоид. Сосема е различно со чашката на афионот. Имено, без оглед дали станува збор за опиумскиот афион или за некој нискоморфински, некоја варијанта за јадење, чашките кои остануваат по вадењето на семето и понатаму имаат мала количина на алкалоид.

Порано во војводинските села се вареле афионови чашки во вода. Добиениот црвеникав „чај“ им се давал на немирните, болежливи или плачливи деца за да им помине стомачната болка или, едноставно, да се успијат. И дејствувало. Не знаејќи дека своите деца ги трујат со опасен морфин, мајките го подготвувале овој напиток, верувајќи дека имаат спасоносно решение. Тоа била вистинската неволја на педесеттите и шеесеттите години на минатиот век.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top