Free songs
Home / аларм / Овошје кое треба да се избегнува – Го зголемува ризикот од смртта

Овошје кое треба да се избегнува – Го зголемува ризикот од смртта

Конзервираното овошје може да го зголеми ризикот од предвремена смрт. Додека пак, две до три порции свежо и сушено овошје е поврзано со намалување на ризикот од смрт од која и да било причина за 10%, употребата на конзервирано и смрзнато овошје го зголемуваат ризикот за цели 17%, тврдат научниците.

konzerva ovosjeОва се тврдења на британски научници добиени со проучување на прехранбените навики на 65.000 возрасни лица од В. Британија следени седум години. Тешко е да се определи дали ризикот се зголемува од овошјето во конзерви или она смрзнатото, но едноставно алтернативата е во свежото овошје.

Познато е дека конзервираното овошје плива во висок фруктозен сируп, a претходни студии го поврзуваат поголемото количество фруктоза со висок крвен притисок, холестерол, повеќе килограми, отпорност на инсулин, па ова поврзување и не е толку шокантно.

Смрзнатото овошје пак, по хранливите материи би требало да биде во ранг на свежото. “Додека нема дополнителни шеќери, смрзнатото овошје би требало да биде здраво или барем безопасно“ тврди др. Симон Капвел, професор на клиничка епидемиологија од универзитетот во Ливерпул.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top