Home / аларм / Душеците во детските креветчиња испуштаат отровни хемикалии

Душеците во детските креветчиња испуштаат отровни хемикалии

Душеците во детските креветчиња можат да бидат опасни по здравјето, предупредуваат стручњаците од Универзитетот Тексас. Пенестото полнење испушта потенцијално отровни хемикалии, испарувачки органски соединенија кои се составен дел од средствата за чистење.

bebesko krevetce2

Истражувачите проучувале примероци од 20 стари и нови душеци исполнети со полиуретанска пена и пена од полиестер. На тоа ги поттикна фактот што новороденчињата 50-60% од денот поминуваат спиејќи. Намерно се изоставени имињата на произведувачите за да се привлече внимание на големата слика.

Новите душеци испуштаат четири пати повеќе хемикалии (VOC) отколку старите душеци. Новите душеци за време од еден час испуштаат 87,1 микрограми по метар квадратен, а старите 22,1. Тоа повеќе и од ламинатните подови и ѕидните тапети кои испуштаат 20 до 50 микрограми испарувачки органски соединенија по квадратен метар. Испуштањето е најизразено токму во пределот кај дишните патишта, а истражувачите од душеците издвоиле повеќе соединенија како: фенол, линалол и најзастапениот лимонен. Овие средства им даваат на средствата за чистење мирис на лимон.

Иако се потребни повеќе истражувања, оваа студија се движи кон вистинската насока. Треба да работиме на проучување на микросредината во која децата спијат и да се намали потенцијалното загадување.

Повторната употреба на старите душеци или доброто проветрување би можело да ја намали изложеноста на децата на опасни хемикалии. Меѓутоа, со старите душеци треба да сте внимателни бидејќи и самите можат да задржуваат токсични материи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top