Free songs
Home / Болести и лечење / Од солзи до насмевка во само една минута: Еве како хормоните всушност ве контролираат

Од солзи до насмевка во само една минута: Еве како хормоните всушност ве контролираат

Женските хормони се главни виновници за тоа што жените еден ден се чувствуваат како да ќе полетаат од среќа, за веќе следниот ден да бидат крајно нервозни и избувливи.

Хормоните се одговорни за сите полови функции кај жените. Го условуваат растот и развојот на половите органи, развојот на секундарни полови особини, влијаат на репродукцијата, обликувањето на коскениот систем, па и на однесувањето.

hormoni raspolozenie zena lice
Расположението, физичката и менталната форма кај жените често варираат во зависност од тоа во која фаза во менструалниот циклус се наоѓаат. Па така, LH хормонот е одговорен за зголемената желба за секс, прогестеронот е ангажиран и секогаш подготвен за да ја расипе забавата, а естрогенот е жив и ентузијастички настроен. Токму затоа, прочитајте нешто повеќе за женските хормони и каква е точно нивната улога.

LH хормон

LH хормонот е лутеинизирачки хормон и него го лачи хипофизата. Тој има огромно значење во регулирањето на циклусот и неговиот правилен раст во средината на циклусот покажува дека жената има овулација. Исто така, ако е зголемен во текот на вториот дел од циклусот, може да укажува на полицистични јајници. Од 14-тиот до 21-виот ден од циклусот ќе се чувствувате како после бура. Хормонот LH ја иницира овулацијата и ја зголемува сексуалната желба.
FSH хормон

FSH е фоликуло-стимулирачки хормон, кој исто така го лачи хипофизата и е значаен за растот на јајцевите клетки. Неговиот правилен пораст е значаен за овулација. Овие два хормони практично ја контролираат работата на јајниците и хормоните на јајниците. Кога се во голем пораст – најавуваат климакс и нивните концентрации во климакс се исклучително високи. Од 1-виот до 7-миот ден од циклусот ќе се чувствувате како да сте се разбудиле од ноќна мора. Но сепак, бидете ѝ благодарни на хипофизата бидејќи таа го лачи FSH хормонот кој пак го зголемува производството на естроген. Благодарение на него ќе изгледате одлично.

Прогестерон

Прогестеронот е хормон на јајниците и е важен за втората половина од циклусот, а неговиот пораст говори дека циклусот е овулаторен и дека матката е подготвена за плод. Тој е исто така значаен и во раната бременост додека не се развие постелката.
Естрадиол

Естрадиолот е дериват на естрогенот, го лачат јајниците и според неговиот правилен раст се знае дали ќе дојде до овулација. За нормален циклус е важна рамнотежата помеѓу хормоните на хипофизата и јајниците.

Пролактин

Пролактинот е хормон на хипофизата и неговата најважна улога е во регулација на доењето. Има улога и во метаболизмот и се нарекува уште и хормон на стрес, бидејќи во состојба на стрес тој расте. Кога пролактинот е висок, тогаш нема овулација, а кога е многу покачен, тогаш изостанува циклусот.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top