Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!
Free songs
Home / Болести и лечење / Неочекувани предизвикувачи на инфаркт и како да се ослободите од нив

Неочекувани предизвикувачи на инфаркт и како да се ослободите од нив

1. Хемикалии од тефлонските садови

srce33-300x201Тефлонските садови без сомнеж се практични, но кога станува збор за здравјето, тие се исклучително штетни. Претходно ваквиот вид на материјали беа поврзувани со неплодноста, високото ниво на холестерол и хиперактивноста, додека студијата во 2012 година покажала поврзаност помеѓу перфлурооктанската киселина и срцевите болести.

Така, без оглед на возраста, тежината, присуството на дијабетес или други болести, откриено е дека лицата со повисоко ниво на оваа материја во крвта имаат двојно поголеми ризик од кардиоваскуларни болести.

Што да направите?

Престанете да користите тефлонски тенџериња, тепсии, кеси за печење во микробранова печка и истите заменете ги со садови изработени од нерѓосувачки челик, стакло или материјали без супстанцијата ПФОА.

Избегнувајте ги ткаенините, мебелот и теписите кои што се рекламираат како нешта отпорни на дамки. Исто така, јадете помалку брза храна затоа што и амбалажата во која што таа се продава содржи перфлуорооктанска киселина.

2. Климатски промени

nevreme dozdГлобалното затоплување влијае на нашето здравје, а со оваа проблематика се занимавала новинарката Линда Марса и таа ја објавила книгата „Fevered“, во која што наведува дека климатските промени доведуваат и до срцев удар. Претераната топлина доведува до создавање ситни честички во загадениот воздух, попознати како ПМ2 и истите продираат длабоко во белите дробови.

Станува збор за толку мали честички коишто се отпорни на природната одбрана на имунолошкиот систем и тие се таложат во крвотокот и создаваат слоеви кои подоцна ги блокираат артериите, што на крајот пак, резултира со срцев и мозочен удар.

Што да направите?

Започнете со почеста консумација на рибино масло и сите негови субститути. Студијата на Агенцијата за заштита на животната средина и Националниот институт за здравствена екологија покажала дека консумацијата на омега -3 масни киселини во рибиното масло го намалува дејството на токсичните загадувања на воздухот.

3. Антибактериски сапун

toxic-soap-ingredient-triclosanКако што е веќе познато, триклосанот, состојка која се наоѓа во антибактериските сапуни и во забните пасти, има исклучително лошо влијание врз здравјето, особено кога станува збор за штитната жлезда и истата има улога во создавањето на клетки отпорни на антибиотици.

Кон списокот на штетните дејства на триклосанот сега се додава и зголемениот ризик од срцеви болести, откако со студија било докажано дека ова соединение му штети на срцето и мускулните ткива.

Што да направите?

Антибактериските производи не ни помагаат многу затоа што научниците докажале дека редовното миење со обичен сапун и вода има ист ефект врз хигиената. Затоа, се со цел да го избегнете триклосанот, избегнувајте го сето она што е рекламирано како „антибактериско“, „убиец на бактерии“, „без мирис“ или „убиец на непријатните мириси“.

Кога станува збор за производите за лична хигиена, проверете ја етикетата и уверете се дека триклосанот не е на листата на состојки.

4. Конзервирана храна

konzerva-300x224Натриумот не е единствената опасност која се крие во конзервираната храна. Бисфенолот А или БПА е моќно средство коешто ги оштетува хормоните и се поврзува со ракот на дојката, агресивноста кај женските деца, дебелината и неплодноста, но од неодамна, ова соединение е и виновник за срцевите болести.

Студијата од 2011 година покажала дека и малата доза од БПА, онаа на која најчесто сме изложени, може да доведе до опасни срцеви аритмии, забрзано срцебиење, што на крајот може да доведе до ненадејна смрт. Поврзаноста на БПА и срцевите болести потврдена е и подоцна, кога истражувачите откриле дека здравите луѓе со повисоко ниво на БПА имаат поголеми шанси да страдаат од срцеви болести.

Што да направите?

Ограничете го внесот на конзервирана храна и консумирајте свежа или замрзната храна. Исто така, бидете внимателни со сметките кои што ги добивате во продавниците затоа што и тие се обложени со слој од БПА кој лесно се апсорбира во кожата.

Пластиката со ознаката No.7 исто така содржи БПА, па затоа внимателно одбирајте стакло или кутии за храна од нерѓосувачки челик и никогаш не ја загревајте пластиката во микробранова печка.

5. Сообраќајни метежи

zagaduvanje1-300x200Во сообраќајот можете да настрадате, но не само во сообраќајна несреќа затоа што научниците неодамна откриле поврзаност помеѓу загадувањето на воздухот, сообраќајните метежи и ризикот од срцеви заболувања.

Германските истражувачи ги интервјуирале луѓето се со цел да ги откријат предизвикувачите на срцевите удари. Тие заклучиле дека луѓето кои што заглавиле во сообраќаен метеж, без оглед на тоа дали станува збор за возач, совозач, велосипедист или патници во јавен превоз, сите тие се соочуваат со 3,2 пати поголем ризик од срцев удар.

Што да направите?

Се додека не поминете низ сообраќајниот метеж, затворете ги прозорците од автомобилот, се со цел да се заштитите себе си и вашите сопатници, а доколку пак се превезувате со велосипед, обидете се да ги избегнете гужвите колку што е можно побрзо.

6. Одредени морски плодови

Омега-3 масните киселини кои што се наоѓаат во рибата би требало да го штитат срцето, а не да му штетат. Научниците од Универзитетот Сиракуза докажале дека сепак треба да бидеме повнимателни при изборот на риба.

Тие откриле дека контаминираните риби со високо ниво на жива, всушност, го попречуваат одговорот на телото на стресот, зголемувајќи го ризикот од срцеви болести. Живата во рибата се меша со хормонот кортизол на начин кој е штетен за срцето.

Што да направите?

Освен туната, риби со највисоко ниво на жива најчесто се големите грабливки, како што се сабјарките, кралската скуша и морските ајкули.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top