Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!
Free songs
Home / бабини рецепти / Научниците велат до кафето е: Во село каде пијат многу турското кафе сите живеат долго

Научниците велат до кафето е: Во село каде пијат многу турското кафе сите живеат долго

Одговорот на долговечноста може да биде далеку поедноставен отколку што може да се замисли. Тој всушност се наоѓа пред нашите носеви во форма на утрински кофеински удар. Постарите жители на грчкиот остров Икариа, се фалат со највисоките стапки на долговечност во светот, а многу научници го насочија своето внимание кон нив, барајќи ја тајната за долгиот живот.

Во една студија во Васкуларната медицина, истражувачите веруваат дека една чаша турско кафе, е клучот за одличното здравје кај луѓето. 

kreativno_kafe_solja1Само 0,1 % од Европејците живеат над 90 години , додека на грчкиот остров ваквата бројка достигнува и до 1%. Луѓето на овој остров се признаени како една од највисоката долговечна популација со одлично здравје.
Лекарот и професор од универзитетот во Атина, Герасимос Сиасос, со неговиот тим се во потрага по вистината за тоа дали турското кафе на овој остров е поврзано со долговечноста и одличното здравје на жителите на овој остров.
Од 673 жители, над 65 годишна возраст, истражувачите одбрале по случаен избор 71 маж и 71 жена, да учествуваат во студијата.

Медицинскиот персонал користел медицински прегледи како што се крвниот притисок, дијабетисот и др) Исто така им предале и прашалници за да добијат повеќе детали за медицинската здраствена историја на учесниците, нивниот начин на живот, пиењето на кафето, се е собрано во прилог на тестирањето на нивната ендотелната функција.

Turska-KafaИстражувачите ги испитале сите видови на кафиња направени од страна на учесниците, но, интересно повеќе од 87% од оние во студијата, конзумирале турско варено кафе.

Што е уште поважно, учесниците кои земале само турски варени кафиња, имале подобрена ендотелната функција отколку оние кои консумираат други видови на кафиња.

Дури и оние со висок крвен притисок, имале подобрена ендотелната функција, без притоа да се грижат за влијанијата врз крвниот притисок.

Турското кафе е богато со полифеноли и антиоксиданси и содржи само умерена количина на кофеин, што е предност во споредба со другите пијалоци.

kafe1Новата студија нуди нова врска меѓу прехранбените навики и кардиоваскуларното здравје.

Со оглед на степенот на пиењето на кафето во светот, како и фактот дека дури и малите здраствени ефекти, од најмалку еден тип на кафе, може да има големо влијание врз здравјето, оваа студија дава интересна почетна точка.

Сепак потребни се и понатамошни студии за да се подобри и документираат точните корисни механизми на кафе на кардиоваскуларното здравје.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top