Free songs
Home / аларм / Измамата со наводно здравиот џус од портокал – еве колку е здрав

Измамата со наводно здравиот џус од портокал – еве колку е здрав

Повеќе од 620 милиони литри сок од портокал се продаваат во САД на годишно ниво. Но, вистината за сокот од портокал е далеку од онаа што ја знаеме, за тоа дека истиот е преполн со Ц витамин кои се потребни за нашето тело. Вистината е дека за неговиот вкус се грижат илјданици генијалци хемичари кои што користат различни хемиски својства, кои што можат да го поминат процесот на пастеризација, за да на крајот ваквиот сок добие вкус каков што ние го посакуваме. Една интересна статија по ова прашање има објавена Алиса Хамилтон.


orange-juice-212x300Речиси три четвртини од американските домаќинства купуваат сок од портокал. Популарноста на ваквиот сок го преминува секој вид на поделба во општеството, од класна, културна, расна, па се до регионална поделба. Секој го пие.

Но, поважно е да се открие вистинската причина за популарноста на сокот од портокал и да се разберат процесите со кои истиот се произведува.
Во студијата на Хамилтон се објаснува скриената историја на сокот од портокал. Од вишокот на портокали кои се соочила Флорида во текот на поголемиот дел од дваесетиот век и потребата на армијата да конзумира витамин Ц, се до Втората светска војна. Таа ги споделува информациите на одлуката на FDA во почетокот на 60-те години за стандарзирање на сокот од портокал со квалитетот на Кока Колата и Пепсито.

Исто така објавува дека повеќето сок од портокал, доаѓа од Бразил, а не Флорида.
Таа зборува за катастрофалноста на земјоделскиот систем и колку луѓето малку знаат за едноставната храна и производството и реперкусиите за земјоделството.
Хамилтон ги истакнува недостатоците при преработувачкиот процес, како што е случајот со пастеризирањето, загревањето на сокот, а притоа е лишен од кислород, процес наречен deaeration, така што не оксидира. Потоа ставен е во огромни резервоари, каде што се чува година дена. Состојките ставени за да се добиение вкусот на сокот не се наведени на етикетата поради тоа што во периодот во 1960-те години, технологијата во тоа време не била софистицирана воопшто. Но дополнителните состојки за подобрување на вкусот укажуваат на тоа дека сокот не е свеж и чист како на почетокот.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top