Free songs
Home / нови лекови / Научниците откриле како настанува ракот- наскоро доаѓа и лек?

Научниците откриле како настанува ракот- наскоро доаѓа и лек?

Благодарение на тоа што се пронајдени самите „корени“ на сите малигни заболувања, во скора иднина, човештвото еднаш засекогаш би можело да му каже „збогум“ на ракот

rakНаучниците откриле единствен, таканаречен „смртоносен тип“ матични ќелии, односно „мајката на ракот“, кои претставуваат основ за развивање на овие болести. Тие „раѓаат“ тумори и ги одржуваат во живот.

Лекот кој би имал моќ да ги убие овие ќелии, би можел да ја уништи и самата болест. Колку е тоа значајно, покажува и фактот дека, и покрај сите медицински достигнувања, ракот секоја година, одзема милиони животи.

„Мајката на ракот“ е виновна за тоа што метастазите се шират по телото, што е и најголемата причина за смрт кај сите заболени од оваа болест. За жал, тие се отпорни и на сите видови зрачења и хемотерапии, што е објаснување- зошто туморите се враќаат и по неколку успешни третмани.

Научниците долго се сомневале во постоењето на ваквите посебни ќелии, но дури сега навистина се воочени и следено е нивното однесување во човечкиот организам.

За ова откритие заслужни се научниците од универзитетот во Оксфорд, кои проучувале мажи и жени заболени од еден вид леукемија.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top