Free songs
Home / бабини рецепти / Народни лекови за чир на желудникот и сузбивање хеликобактер

Народни лекови за чир на желудникот и сузбивање хеликобактер

– Лечење со белка

Во белката од едно јајце додајте една лажица шеќер во прав и една лажица маслиново масло. Лажица од оваа смеса треба да се испие наутро на празен желудник. Потоа не треба да се јаде ништо два часа. Лечењето нека трае десет дена.

stomak-300x201– Лечење со кефир

Секој ден, навечер пред спиење, испијте една чаша кефир, во кој треба да се додаде една лажица маслиново масло. Оваа смеса помага за зараснување на чир во желудникот. Времетраењето на лечењето е еден и пол до два месеца.

– Лечење со ленено семе

Во тегла ставете две лажици ленено семе. Прелијте го со 2 шолји зовриена вода. Теглата добро затворете ја и оставете ја да отстои преку ноќ. Наутро исцедете ја напивката низ двојна газа. Пијте од течноста наутро, на празен стомак, на 30 минути пред јадење, по половина шолја.

– Лечење со ајдучка трева

Една лажица ајдучка трева прелијте со една чаша зовриена вода. Пијте по половина чаша од овој топол чај наутро, на празен стомак, 4-5 недели.

– Лечење со мед од липа

Една лажица мед од липа ставете во чаша млака вода. Добро измешајте. Пијте по една чаша од овој раствор половина час пред јадење, 3-4 пати дневно.

– Дабова кора

Во емајлиран сад ставете 40 грама дабова кора, прелијте ја со еден литар зовриена вода. Оваа мешавина оставете ја на слаб оган 20 минути. Потоа исцедете ја. Пијте по една лажица 2-3 пати на ден.

– Чај од овес

Ставете во емајлиран сад една чаша измиен овес. Прелијте го со еден литар топла вода. Оставете да отстои десет часа во поклопен сад. Наутро проварете на слаб оган 30 минути, па оставете да отстои поклопено уште 12 часа. Процедете и додајте вода за да добиете еден литар течност. Пијте по половина чаша од оваа течност 3-4 пати дневно на 30 минути пред оброкот во текот на 30 дена.

– Лечење со алое

Јадете парчиња од листови на алое двапати на ден на празен стомак, 20 минути пред јадење. Потребно е само лесно и добро да ги изџвакате лисјата, да го проголтате сокот и да ги плукнете растителните влакна. Времетраењето на лечењето е три месеци. Потоа направете пауза од еден месец и ако болеста не е излечена, продолжете со третманот.

*Сокови од зеленчук

Секојдневно, пред појадок и пред вечера, пијте по една чаша мешавина од свежо исцеден сок од морков, зелка и компир. Третманот повторувајте го една недела. Потоа паузирајте следната недела, па повторете го третманот.

– Да се свари добро измиениот компир во лушпа без сол. Да се пие трипати дневно по 200 грама од водата во која се варел компирот. Оваа вода го чисти организмот и треба да се пие подолго време.

*Вкусен мелем за лечење чир на желудникот

Измелете по 500 г ореви, суво грозје и суви кајсии. Додајте еден лимон, сомелен со кората, но без семки. Додајте и 500 г мед. Земајте по едно лажиче од оваа смеса 30 минути пред јадење, три пати дневно, с` додека целата количина не се потроши.

*Армиски лек за чир на желудникот

Пронајдете 250 грама свеж путер без конзерванси. Ставете го во тегла и прелијте го со шишенце од 25-отстотен раствор на прополис, кој може да се купи во аптеките. С` добро измешајте. Наутро, на гладно срце, изедете по една лажица од овој путер. Во текот на денот, мачкајте го на леб и консумирајте го на таков начин. Одлично го лечи желудникот и ги залечува чировите на желудник и на дванаесетпрсното црево. Војниците на руската армија го модифицирале овој лек на следниот начин: наутро, на гладно срце, пијат на екс чашка вотка, веднаш потоа голтаат лажичка путер и на крај грицкаат парче прополис.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top