Free songs
Home / Болести и лечење / Најстариот вид карцином е стар 11 илјади години

Најстариот вид карцином е стар 11 илјади години

Најстариот вид карцином на светот е стар 11 илјади години, утврдиле британските научници, се наведува во студијата којашто ќе биде објавена во научното списание Science, пренесува во петокот BBC

rak - karcinomОвој вод рак настанал кај еден вид пес и оттогаш преживува благодарејќи на преносот на туморните клетки од едно куче на друго во текот на парењето.

Тимот научници од институтот „Wellcome Trust Sanger” при универзитетот Кембриџ открил ДНК на споменатиот тумор у утврдил дека неговиот прв „домаќин” бил древниот пес кој наликувал на денешните хаски. Песот бил со средна големина со кусо но рамно, сиво-кафено или црно влакно.
Раководителот со ова истражување Елизабет Марчинсон вели дека не знаат поради што тој тумор кој се пренесува се развил токму кај споменатиот кучешки вид. „Меѓутоа, беше фасцинантно да се вратиме низ времето и да го реконструираме идентитетот на тој древен пес чијшто геном сé уште живее во клетки на туморот”.

Туморот кој бил проучен е извонредно редок и само еден од двата познати коишто се пренесуваат преку сексуален контакт. И двата се јавуваат кај животните.

Декодирајќи го туморот, научниците успеале да утврдат дека е стар 11 илјади години. Станува, инаку, збор за тумор на гениталните органи. Туморот постоел кај изолирани групи кучиња, а низ светот се проширил во последните 500 години, благодарејќи на кучињата коишто ги следеле истражувачите на патувањата по светските мориња.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top