Free songs
Home / природен лек / Најдобри домашни лекови за подуени подочници

Најдобри домашни лекови за подуени подочници

Ладни краставици

najdobri-domasni-lekovi-za-podueni-podocnici-2Краставиците одамна се користат како лек за подуени подочници. Сигурно сте виделе дека жените тоа го прават. Краставиците содржат многу антиоксиданси и флавоноиди кои помагаат за црвенилото, отоци и иритација.

Едноставно, исечкајте ја краставицата на тенки кругови, кои ќе ги ставите на очите. Оставете ги да отстојат 30 минути и веднаш ќе се чувствувате посвежо и подмладено.

Свеж компир

Наместо краставица може да користите и свеж изладен компир. Тој подолго останува ладен и содржи соединенија кои може да ви помогнат во отстранувањето на вишокот течности од подочниците.

Компирот можете исто како и краставицата да го исечете на кришки или ставете го во блендер и добиената смеса ставете ја на тенка газа, па направете облоги за уморни очи.

Млеко

Често се користи за оваа намена, а најдобро делува полномасното млеко. Едноставно натопете парче вата во ладно млеко, исцедете го вишокот и ставете ја на очи. Оставете ја да отстои десетина минути и ќе видите дека отоците спаднале.

Зелен или црн чај

Кесичките со чај се уште еден популарен домашен лек против подуените подочници. Црниот и зелениот чај содржат кофеин кој ги смирува крвните садови во кожата околу очите.

Исто така, кесичките со чај ја поттикнуваат циркулацијата. За да го направите овој третман , ставете две кесички чај во топла вода и оставете ги да отстојат неколку минути. После тоа извадете ги кесичките и оставете ги да се изладат.

Ладните кесички ставете ги на очите и оставете ги да делуваат околу 15 минути. Правете го ова двапати неделно и ќе видите како кожата околу очите ќе почне да ви се затегнува.

Камилица

Камилицата не содржи кофеин, но затоа е позната по своите антибактериски и антиинфламаторни својства. Се користи за лечење на многу болки, но и за подочниците е одлична, бидејќи го намалува црвенилото и ги одмора очите.

Белка од јајце

Одвојте ја белката од жолчката и изматете ја добро додека не стане цврста и пенеста. Најдобро е тоа да го направите со миксер. Таквата смеса нанесете ја со прсти на подочниците и оставете ја да делува околу 15 минути. Додека белката се суши, ќе почувствувате како кожата ви се затегнува.

crnobelo.com

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top