Free songs
Home / Болести и лечење / Мачнина, повраќање, главоболка – Важни информации за мозочен удар!

Мачнина, повраќање, главоболка – Важни информации за мозочен удар!

Мозочниот удар се карактеризира со нагло губење крвна циркулација во еден дел од мозокот, што резултира со кореспондирачки губиток на невролошка функција.

Знаци и симптоми

simptomi-mozocen-udar-23Мозочниот удар кај секој пациент е презентиран со невролошки дефицит или алтерација на нивото на свест. По симптомите не може да се разликува исхемичниот од хеморагичниот мозочен удар, иако мачнина, повраќање, главоболка и нагла промена на нивото на свест се многу почести кај хеморагичниот мозочен удар.

Дијагноза

Итен imaging на мозокот е неопходен за потврдување на дијагнозата на мозочниот удар. Неконтрастна компјутерска томографија (CT) е најчесто користена форма на neuroimaging кај акутна евалуација на пациентите со очигледен мозочен удар.
Терапијата кај мозочниот удар може да биде: фибринолитична, антиагрегациона терапија и механичка тромбектомија.

Превенција на мозочен удар

mozocen-udar-300x200Примарна мозочна превенција се однесува на третман на индивидуи без претходна историја за мозочен удар. Мерките може да вклучат употреба на следното: антиагрегациона терапија, статини, физичка активност, промена на животен стил (престанок со пушење, умерен внес на алкохол).

Секундарната превенција се однесува на третман на индивидуи кои веќе прележале мозочен удар. Мерките може да вклучат употреба на следното: антиагрегациона терапија, антихипертензиви, статини, како и промена на животниот стил.

Во продолжение е постер со препораки за препознавање на симптомите на мозочниот удар, изработен во соработка со Универзитетската клиника за неврологија.

Zdravstvo24.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top