Free songs
Home / бабини рецепти / Лековитоста на пченкарната свила – стар „бабин“ лек

Лековитоста на пченкарната свила – стар „бабин“ лек

Пченкарната свила е едно од оние средства, кои на многумина им звучат како „бабин лек“. И навистина, пченкарната свила многу долго се користи како природен народен лек, и тоа не само кај нас, туку и во многу други земји во светот.

За да биде лековита, пченкарната свила треба да се исече пред опрашувањето. Таа се суши нагло, во сенка и многу внимателно, на умерена температура. Исто така, добра е и пченкарната свила во време кога пченката е млада (млечна).

pcenicna-svilaЗрелата, сува и темна пченкара свила е сосема безвредна и не содржи никакви лековити својства.

Пченкарната свила е од голема помош при некои заболувања. Таа е природен лек, кој не дава несакани, штетни последици. Свежата пченкарна свила во себе содржи етерично масло, смола, гума, алкалоид кој има својство да ги стега крвните садови, хлорофил, фосфорна киселина, манган и доста калиум и магнезиум.

Добро е да се знае дека не секоја пченкарна свила е добра. Пченкарната свила, скината од пченка која е прскана со многу хербициди и пестициди, не е здрава, бидејќи со неа во организмот ќе се внесе и одредена количина на штетни материи. Најдобра е пченкарната свила од биолошки одгледувана пченка, далеку од индустриските погони, патиштата и пругите.

Како делува пченкарната свила?

Одговорот е едноставен: пченкарната свила е, во форма на чај, еден од најјаките природни диуретици. Со консумирање на овој чај, во тек на 24 часа, може за неколку пати да се зголеми количината на излачената мокрача и тоа без штетни поседици, што е особено важно кај оние заболувања каде насобирањето на течностите делува неповолно на целиот организам.

Чајот од пченкарна свила ги намалува болките (грчевите) во бубрегот. Исто така, со исфрлањето на поголемата количина на течности од организмот, се исфрла и вишокот на фосфор и белковини, што значително ги намалува ревматските тегоби, тегобите при гихт, кои се пратени со болки во зглобовите. Исто така, чајот од пченкарната свила им се препорачува на лицата со водена болест, односно на лицата кои имаат отоци и насобрана течност во шупливите органи (во абдоменот –асцит и целодробната обвивка –плеврит).

Уште нешто: Со водата се излачуваат и штетните материи од организмот, па редовното консумирање на чај од пченкарна свила е вистински природен лек за детоксикација на организмот.

Чајот од пченкарна свила ја јакне крвта, ја подобрува циркулацијата и функцијата на црниот дроб. Помага при сите заболувања на бубрезите и мочните патишта, при воспление на мочниот меур (цистит), помага при ноќно мокрење.

Можеби ќе се запрашате зошто ви е чај од пченкарна свила, кога сте потполно здрави. Поради изразеното диуретичко дејство, чајот од пченкарната свила може да ви помогне и кога сакате да се ослободите од вишокот килограми (секако и со помош на адекватна диета и физички вежби). Со помош на чајот од пченкарна свила, вашиот организам забрзано ќе ги исфрли сите штетни материи.

Приготвување на чај од пченкарна свила

Приготвувањето на чајот е многу едноставно: една лажица добро исушена пченкарна свила (доколку е непотполно исушена се губи дејството) се прелива со шоља врела (но не превриена) вода, се остава неколку минути и се процедува.

Се зема по една супена лажица топол и незасладен чај на секои 2-3 часа. Ако вкусот на чајот не ви се допаѓа, може да го подобрите со додавање на сок од лимон.

Доколку имате изразени тегоби, чајот може да го пиете и во поголеми количини – потребни ви се 25 грама пченкарна свила и еден литар вода за припрема на чај, кој потоа може да го пиете кога ќе ожеднете, наместо вода.

www.rak.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Current day month ye@r *

Scroll To Top