Free songs
Home / сведоштва / Лекарите веќе ништо не можеле да сторат за неа – затоа таа сторила многу за себе!

Лекарите веќе ништо не можеле да сторат за неа – затоа таа сторила многу за себе!

57 годишната Ким Луис Фергусон пред да добие деца била моден дизајнер. Потоа му се посветила на семејството, но не се откажала од храбрите модни комбинации кои ги правела за себе. Никогаш не пушела и не пиела, се хранела здраво, вежбала. Но пред 10 години и бил откриен рак на дебелото црево. Лекарите по 10 годишно лекување и соопштиле дека веќе не можат да сторат ништо. Но Ким не останала во болница – излегла оттаму и открила што може таа самата да стори за себе!

Screenshot_30– Имав операција, хемотерапија, неверојатно многу третмани со радијација. Но ракот секогаш се враќаше. Следуваа нови операции. Кога ракот зафати дел од моите бели дробови, пак се оперирав. неколку пати ми велеа да одам дома и да ги подготвам документите, но со моите ќерки Луси и Ели секогаш наоѓав начин да се вратам, да соберам сили.  Пред 5 месеци ми рекоа дека повеќе не можат ништо, ќе ме примат во болница за да ми биде само поудобно! Тоа звучеше страшно. Реков – нема да го сториме тоа! ќе одиме ќе пливаме и ќе патуваме, како што планиравме. На крајот на краиштата секогаш се сведува на истото – ќе живееме ден за ден!

Оваа храбра жена раскажува дека продолжила од време на време да предава драма и секој ден да се облекува според својот моден вкус. Вели дека модата цел живот ја дефинирала.

– Еден ден ќерка ми ми рече – мамо мораш да отвориш Инстаграм. Стануваш, се движиш и изгледаш одлично, светот мора за тоа да знае!

Јас не знаев што е Инстаграм. Ќерките ми рекоа дека е доволно кога сакам само да ставам фотографија од мене облечена во дневната комбинација која ќе ја одберам. Првата ја поставив на 22 август 2012 со објаснување: Го убивам ракот со комбинација по комбинација – сигурно е подобро од хемо – терапија!

Screenshot_29Од тој момент речиси секојдневно поставува своја фотографија на Инстаграм и претставува инспирација за илјадници луѓе во светот!

– Кога се борам да наместам весело лице, на оние кои ме следат на Инстаграм им велам дека понекогаш е тешко животните искуства да ги ставиме во добра и позитивна рамка, но животот како и модата, е балансирање меѓу она што го гледаме и она што не го гледаме. Велам дека во модата и во животот, секогаш е добро да се пробаат различни работи и да се знае дека го заслужуваме најдоброто!

– Задоволството што го чувствувам кога споделувам на Инстаграм прави полесно да ја поминувам болеста. Одеднаш ми се јавуваат луѓе од Јужна Америка, Полска, Аљаска ме следат!  Јас сум возрасна жена со рак и некогаш не ми е многу јасно што е мотивот луѓето во толку голема мерка да ме следат, но кога веќе се случи ова, барем ќе можам да го оставам во убаво наследство на моте ќерки!

Ким дава непроценлив совет за секоја жена:

– Јас доаѓам од ерата кога се велеше – тоа ќе го чувам, не го облекувам, па тоа е мојата најубава облека! Но и пред да се разболам јас велев: Што зборувате вие! Па јас и во градината работам со мојата најубава облека! Не ги чувајте нештата за кога ќе има добра прилика – вие сте секогаш во најдобра прилика!

Ким вели дека е убедена дека некои лекари се прашуваат зошто не се помири со судбината и не сака да умре мирно.

–  Никогаш тоа нема да го направам. Јас ќе умрам со чизмите на мене! Буквално! Во оваа ситуација, или ќе блескам или ќе исчезнам. Но на раката ќе имам пердуви и светкав накит!

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top