Home / аларм / Оваа храна ја уништува и вашата ДНК и на потомството

Оваа храна ја уништува и вашата ДНК и на потомството

Секако и термичката обработка на здравите намирници може да имаат влијание врз квалитетот на храната. На пример научникот Френсис Потенгер во 1930 година, го истражил влијанието на суровата и обработената храна врз здравјето на мачките.

meleno mesoСуровото месо и млеко во студијата значително го подобрила здравјето на мачките и нивните потомци во наредните три генерации. Модерната наука верува дека ова е резултат на недостаток на таурин во готвената храна.

Поточно мачките како месојадци, ја немаат способноста да создадат таурин во нивните тела, па така можат да ја добијат само преку храната.
Иако овие податоци не можат да бидат одбележани директно на луѓето, затоа што имаат различен метаболизам, студијата покажала дека храната влијае на здравјето на поединецот, но исто така и на неговите потомци.

Обработената и генетска модифицирана храна, може да предизвика оштетувања на ДНК.

Модерната прехранбена индустрија успеа да ја пробие врската меѓу локалната почва, локалната храна и луѓето кои живеат во тој реон. Синџирот на исхрана е прекинат. Сепак, човечкото тело има свој биохемиски потреби и лесно може да се прилагоди на серијата на нови хемиски соединенија во неа.
Бара долг процес на адаптација, кој трае со генерации, дури и кога станува збор за немодифицираните природни супстанци.

Се што се џвака и голта, не значи дека е и храна.
Еве неколку примери за најлошите видови на храна кои можат да влијаат на вашата ДНК.

1. Генетски модифицираната храна

Она што на научниците работат со храната, може да се спореди со генетски рулет. Дали новиот ген кој се воведува во генот на некои билки или животни ќе допринесе до подобрување, или ќе ја дестабилизира сигурната храна и ќе ја направи отровна за луѓето, не знаат ниту они самите.

gmo1Вистина дека со вековите се смениле генетските карактеристики на растенијата и животните. На пример преку изборот на семињата на растенијата кои имаат одредени својства. Но, одгледувањето е нешто сосема различно од генетскиот инженеринг, што создава чудовишта кои денеска ни се сервираат како храна

Поточно, додека генетскиот код кај ГМ билки е модифициран од страна на луѓето, хибридната билка си креирала своја сопствена генетска структура. Научниците Јан Ѓ Прим и Ролф Лембке спровеле ин виво студии за можните последици по здравјето од ГМ храна и заклучиле дека генетскиот инжинеринг создава широки генетски мутации во стотици илјади одредени гени.

Храната која е создадена во лабораториите на нашите клетки не може да биде препознаена, па голем дел од неа ќе се третира како токсичен материјал. Што е најлошо што би можело да се случи?
Започнува со проблеми во дигестивниот систем, го намалува имунитетот, а можно е и добивање на тумори.

2. Процесуираната омега-6масни киселини и трансмасти

Индустриската револуција и преработка на растителните масла богати со омега 6 масни киселини, како пченката, сојата, канолата, кои се се повеќе присутни во исхраната на модерниот човек, имале голема нерамнотежа. Поточно избалансираниот сооднос на омега-6 и омега-3 масни киселини, со кој човечкиот ген досега напредуваше е драстично променет.

banned-gays-anonymous-donors.nСе верува дека ова е една од клучните причини зошто големиот процент на модерната популаcија страда од срцеви болести, рак и инсулинска резистенција и дијабетис, прекумерена телесна тежина, артритис и други воспалителни промени.

Само елиминирањето на токсичните трансмасти, можат да помогнат да се спречат стотици илјади заболувања од кардиоваскуларни болести.

Еден тим од молекуларни биолози на Националниот институт за исхрана во Индија спровеле студија на стаорци бидејќи сакале да откријат како гените ќе влијаат на транс-мастите. Истражувачкиот тим открил дека глувците хранети со поголем изност на транс-масни киселини, имаат три вида на гени кои ја зголемуваат отпорноста на инсулинот. Овие набљудувања помагаат да се објасни начинот на користење на трансмасните киселини кои го зголемуваат ризикот од дијабетис и болести на срцето.

3. Шеќерот

Се проценува дека од 1820 година просечната годишна конзумација на шеќер од страна на една личност, е помала од девет килограми.

šećer-otrovДенеска таа во просек изнесува нешто повеќе од 68 килограми годишно.

Дали шеќерот оставил генетски „отпечаток“ кај нас? Епидемологот Лиза Џиованели спровела студија за влијанието на шеќерот на телото и заклучила дека повеќето едноставни шеќери (од засладени пијалоци и разни слатки) ја оштетуваат ДНК на нашите крвни клетки.

4. Високофруктозен пченкарен сируп

Новата технологија усвоена во 1970 година овозможува производство на евтин високофруктуозен сируп. Денес е додаден во илјади полупроизводи и готови производи, вклучувајќи слатки, пијалоци и сосови.
Најголемиот проблем е тоа што мозокот не го признава како извор на калории, иако истиот изобилува со истите. Мозокот добива сигнали и праќа сигнали дека не сте доволно најадени, така што и понатаму имате потреба за храна. Резултатите се очигледни, а дебелината е еден од нив.

Ваквиот сируп може да го оштети генот. Поточно во текот на производството или подоцна, ова штетно соединение се загрева и доаѓа до создавање на хидроксиметхифурфурак и тој е катастрофален за нашата ДНК.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top