Home / бабини рецепти / Лек за 5 денари – лекува болки во грб, зглобови, варење, холестерол, срце, имунитет, кожа ….

Лек за 5 денари – лекува болки во грб, зглобови, варење, холестерол, срце, имунитет, кожа ….

Говедскиот желатин е многу ефикасен за алергии и ги ублажува несаканите реакции. Добро за мускулите и срцето, и се смета за најдобар природен лек за зглобовите и коските.

Желатинот е производ од природно потекло. Се добива со процеси на преработка на коски, ткива … од добиток. Пролинот и хидроксипролината се моќни аминокиселини, кои се наоѓаат во желатинот, а кои го стимулираат растот и подобруваат структурата на сврзното ткиво, што е неопходно во лекувањето на слабите зглобови и коски. Ако некогаш сте се запрашале зошто желатинот се употребува во болница, тогаш можеби ќе сакате да прочитате за здравствените придобивки. Желатинот е направен од вриење коски од животни, ‘рскавица и кожа за да се извлече колагенот. Колагенот е влакнест материјал кој ги поврзува мускулите, коските и кожата кај животните, а кога се обработува, станува, она што го нарекуваме, желатин. Се состои од огромно количество на аминокиселини поради тоа што е составен од 98-99% протеин

Желатинот е високо квалитетен лек и нуди широк спектар на здравствени предност, се разградуваат многу лесно од дигестивниот систем и со минилни напори испорачуваат на телото богата гама од аминокиселини:

-Ги зајакнува зглобовите и срцето – Го зајакнува метаболизмот – Ја подобрува менталната способност – Го подобрува тенот – Дава еластичност, ги зајакнува тетивите и лигаментите – Спречува остеопороза и остеоартритис – Ја подобрува кожата и структурата на коса – Моќен ефект во третманот на дисплазија

Желатинот содржи бакар, селен и фосфор, а разновидните аминокиселини во составот му помагаат за намалување на воспалителните процеси, заздравувањето на рани и облагородява косата, кожата и ноктите.

Пепдитите од желатин имаат и засилуваат дејството за гастричната мукоза обвивка – зголемуваат отпорноста и кон етанол, киселини и стрес, што е терапевтски и превентивна мерка против развојот или прогресија на чир.

Богат е со амино киселини, посебно со глицином кој има антивоспалително дејство и може да го поправи ткивото. Високиот процент на протеини во желатинот е првокласен стимуланс за мускулните групи. Амино киселините кои ги содржи, вклучувајќи и глицин и аргинин, исто така помагаат во заздравувањето на мускулното ткиво.
Желатинот може да го подобри метаболизмот и да ги согори насобраните маснотии во организмот.

РЕЦЕПТ ЗА КОСКИ, БОЛКИ ВО ГРБ И ЗГЛОБОВИ

Во вечерните часови измешајте полни две лажички желатин (5 гр) со четвртина шолја ладна вода и оставете да отстои надвор од фрижидер. Желатинот ќе стане желе.

Наутро испијте ја смесата така што ќе ја измешате со нешто што ви одговара (пр. сок, млеко, јогурт, чај).

Желатинот помага кај болки во рамењата, зглобовите, нозете и вратот, и после недела дена од овој третман, состојбата значајно ќе ви се поправи.

Третманот би требало да трае месец дена, и после пола година пак да се повтори. На овој начин ќе го вратите природното „подмачкување“ на зглобовите

Го подобрува здравјето на стомакот и варењето

Говедскиот желатин е корисен за спречување на оштетувањето на цревата и зајакнување на ѕидовите на дигестивниот тракт и на тој начин го спречува синдромот на “пропустливо црево”. Силните ѕидови на дигестивниот тракт, исто така, значат и превенција на храна и бактериски честички кои влегуваат во крвотокот и со тоа предизвикуваат воспаление. Желатин исто така собира вода и течности и затоа спречува надуеност и запек.

Ги штити зглобовите

Колаген и желатин се познати за симптомите на остеоартритис и ревматоиден артритис. Првиот се јавува најчесто кај постарите лица и се смета за главна причина за чести болки во зглобовите. болката, вкочанетоста и ограничената подвижност на зглобовите е главен проблем поради пропаднатиот колген. Затоа, желатин и колаген помагаат во намалување на болката и спречување на ширењето на болеста.

Подобар квалитет на спиење

Одредени истражувања покажале дека желатин им помага на луѓето со проблеми во спиењето, особено поради стресот, ако земаат три грама желатин пред спиење.

кожа

Во случај да се грижите дали ќе имате бори, дали кожата ви е оштетена поради сонце, дали ќе добиете стрии и слично, знајте дека внесувањето на желатинот и директното нанесување на колаген може да помогне и да го подобри изгледот на кожата. Исто така, одличен е во процесот на обновување на кожата и заштитува од штетните UV зраци и слободните радикали. Еден од причините поради кои добиваме болки и старееме, е затоа што нашите колаген клетки се намалуваат, а тоа започнува за повеќето луѓе на 20 и 30 години и континуирано се зголемува процесот. Како губиме колаген, сè побрзо добиваме и целулит, кожата повеќе виси и добиваме стрии. Затоа, колген и железо може да помогне да се обнови кожата.

коса и нокти

Со помош на желатин, косата може да расте побрзо и да биде посилна. Исто така можете да ги зајакнете и ноктите.

имун систем

80% од клетките на системот се наоѓаат во стомакот, што значи дека вашиот систем го рефлектира вашето дигестивно здравје.

Заби

Колаген најчесто се поврзува со здрава кожа и ублажување на процесот на стареење, но дали знаеш дека може да помогне во зајакнувањето на забите, спречување на заболувања на непцата, губење на забите расипување.

Смалуваа глад

Желатинот споро се вари, што значи дека долго имате чувство на ситост.  помога во балансирањето на шеќерот во крвта, поради што нема да имате потреба за слатко, храна и слободни јаглехидрати.

Желатин  маска

Митисери се најчестиот кошмар на лицето. Многу жени се соочуваат со овој проблем. Овој проблем трае долго време, а козметичките третмани се краткотрајни. Поради стресот, хормоните, навиките за јадење и нередовната нега, кожата на лицето не е совршена.
Говедскиот желатин за лицето ќе ги отстрани несаканите мртви клетки и ќе ја направи кожата на лицето со изедначен тен и глатка.

Млеко и желатин

Треба прав од желатин и една и пол лажица млеко. И двете состојки се загреваат.
Нанесете ја маската додека е топла, се разбира, внимавајте да не се изгорите. Нека стои на лице триесет минути. се стврднува па лесно ќе ја извадите маската потоа. Освен што ќе го освежи лицето ќе повлече многу од мртвите клетки и сета таа нечистотија која е  незабележлива. Ако имате митисери и акни на одредени места, можете да ја користите оваа маска само на тие места. Брзо ќе ја видите разликата.

Вода и желатин за лице

Друга ефикасна варијата е маската на вода и говедски желатин. Истиот процес како и со млекото. Топла вода и се меша желатин. Важно е да добиете обединета маса што е доволна за да го покрие лицето.

Маската е готова кога нема гранули повеќе низ неа и е соединет желатинот. Дотогаш мора да се меша.

 

Домашен  крем со желатин

Како да направите домашен крем за брчки? Дали е навистина ефикасно?

Домашен желатин крем тестиран од многу жени е многу лесно да се направи и е многу ефикасен во борбата против брчките.

Ви треба желатин за лице, кое можете да го добиете по пристапна цена во аптеките или продавниците за брза храна. Ви требаат 50 мл, потоа лажичка мед, 50 мл вода и еден аспирин. Аспиринот нема да се користи цел, туку само една четвртина.

Загрејте ги сите состојки во топла вода. Измешајте ја смесата додека не добие рамномерно распределена маса без грутки. Оптималното време е околу 5 минути. Како што смесата се лади, користете миксер за да ја добиете вистинската маса на желе. Оставете го сето тоа во фрижидер за неколку часа и ќе кондензира, иако првично е во течна состојба.

Кремот е завршен!

Вечерта, може да го нанесете кремот со желатин, погоден е и за вратот и деколтето.

One comment

  1. Gos Jovan mi treba vas kontakt za lekot

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top