Home / бабини рецепти / Лек против камен во бубрег

Лек против камен во бубрег

Состав на чајот:

· 40g стебленца од килавица
· 40g листови од мечкино грозје
· 40g корен од зајачки трн
· 30g здробени плодови од шипка
· 30g листови од бреза
· 30g листови и цветови од куница
· 20g коприва

Подготовка и примена на чајот:

bubreg kamen

Тревките треба добро да се иситнат и измешаат. Во 2 литри вода се става 15g од оваа мешавина да стои преку ноќ. Наутро се става на тивок оган и кога ќе проврие, нека врие уште една минута и потоа стои поклопено додека не се излади. Потоа се процедува, му се додава исцеден сок од еден лимун. Чајот се пие наместо вода, со тоа што ќе се испие најмалку 1.5 литри дневно. Освен тоа, за време на ручек, три пати дневно да се испие по половина литар слаб чај од корен и стебленца од ежова трева (бодликава вепровина).

Храната треба да се подготвува со помалку сол, да е чорбаста, многу разварена и да се јаде млака. Да не се пие свежа вода. Водата прво да се провари и излади, па потоа да се пие. Исто така, забрането е да се пие минерална вода, да се јаде мрсна храна како и конзервирана храна. Намесо наведениот чај, во лечење на песок во бубрезите може да се пие чај од следниве тревки:

· 60g листови од бреза
· 60g пиревина
· 40g стебла од преслица(раставче)
· 40g сомелени плодови од шипка
· 20g стебленца од тимијан (мајчина душица)
· Чајот се подготвува и зема како и во првиот рецепт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top