Free songs
Home / бабини рецепти / Краставицата ги имна сите витамини што ви требаат – а се наоѓа и за работи по дома

Краставицата ги имна сите витамини што ви требаат – а се наоѓа и за работи по дома

Краставиците ги содржат речиси сите витамини кои Ви се потребни во текот на еден ден. Во секоја краставица има витамин Б1, витамин Б2, витамин Б3, витамин Б5, витамин Б6, витамин Ц, калциум, железо, магнезиум, фосфор, калиум и цинк.

krastavicaСе чувствувате уморни во текот на денот? Краставиците може да Ви ја дадат потребната енергија. Доколку сте уморни од замаглувањето на огледалото во бањата по секое туширање, обидете се со триење на парче краставица на површината на огледалото. Тоа ќе ја елиминира маглата и ќе даде свеж мирис.

Целулитот може да биде отстранет многу брзо со краставица. Поминете по проблематичните места со парчиња краставица неколку минути. Ова функционира и кај брчките.

Одбегнете го мамурлакот, а со него и ужасната главоболка со тоа што ќе изедете неколку парчиња краставица пред да спиете. Ќе се разбудите свежи и без главоболка.

Оние кои се на диета може да го одбегнат гладувањето јадејќи краставица. Овој зеленчук се користел со векови порано од страна на трговците за да одбегнат прегладнетост.

Краставиците се добри дури и за чевлите. Со нив може да ги исчистите чевлите во моментите пред излегувањето.

Под стрес сте и немате време за масажа или посета на сауна? Исечете една цела краставица и ставете ја во вода која врие. Хемикалиите од краставицата ќе реагираат со водата и кога ќе се испуштат во пареата ќе создадат релаксирачка арома која докажано го намалува стресот.

Кога немате време за миење на забите по ужинка, а немате гума за џвакање во близина, искористете парче краставица кое ќе го притиснете на горната страна на устата со јазикот. По 30 секунди, краставицата ќе ги убие бактериите во устата кои го предизвикуваат лошиот здив.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top