Free songs
Home / Болести и лечење / Киселини: Лимонот не го иритира желудникот но бегајте од доматите

Киселини: Лимонот не го иритира желудникот но бегајте од доматите

Стомачните киселини можеби не го загрозуваат човечкиот живот, но сигурно се одразуваат врз човечката состојба во текот на денот. Внатрешното чувство од стомачните киселини се непријатна болка, гадење, а понекогаш и кашлицата, кои го отежнуваат функционирање на секојдневните активности. Иако недостигаат докази дека некои прехранбени производи може да бидат причината за киселините, алкалната исхрана сигурно ќе помогне да се намалат непријатноста и нивото на киселината.

stomak bolkaХрана богата со калиум
Калиумот игра особено важна улога во телото за нормални контракции на мускулите. Бидејќи киселините се предизвикуваат од нецелосно затворање на “вентилот”, кој ги поврзува хранопроводот и желудникот, храната богата со калиум може да го реши овој проблем. Постојат многубројни соодветни продукти со калиум, кои треба да се консумираат најмногу кога човек се соочува со киселини. Такви се лимоните, бананите, медот, компирите, јаболката, јаболковиот оцет и др.

Овошјето, како лимон и цитрус, изгледа дека би требало да бидат предизвикувачи на киселини, но научните факти го покажуваат токму спротивното. Умерената киселост на лимонот помага за неутрализирање на киселините во желудникот.

Други јадења, како мед, диња, јаболко, исто така може да бидат заштита од појавата на киселини ако се консумираат умерено секој ден.

Јаболковиот оцет е еден од најбрзите и ефикасни опции за намалување на киселините. Ако киселините се посериозни, може да се консумираат по две лажици јаболков оцет, растворени во чаша вода.

Сурово овошје и салати
Суровите зеленчуци во целина се алкални и содржат многу дигестивни ензими. Консумирањето сурова храна помага за намалување на киселоста во желудникот повеќе во споредба со готвениот зеленчук – бидејќи термичката обработка ја менува нивната содржина од алкално во кисело. Суровите плодови содржат одредени ензими кои помагаат при варењето и соодветно ги ублажуваат киселините: ананасот содржи бромелаин, папајата – папаин, јаболката – процианин, кверцетин и епикатехин.

soda_bikarbona_shutterstockСода бикарбона
Иако сода бикарбоната не е конкретно храна, таа е особено ефикасна за отстранување на киселините. Треба само да се раствори половина лажичка сода бикарбона во чаша вода и да се испие смесата. Тоа ќе ги намали симптомите на стомачните киселини. Сода бикарбоната е целосно алкална и дејствува брзо, затоа помага за целокупното алкализирање на внатрешната обвивка на желудникот.

Интегрални производи
Некои житни култури, како амарант и просо, се корисни за ублажување на киселините – поради високата содржина на калиум и соодветно алкализираната природа. Ако се консумираат мелени или во прашна материја, тие може да го заменат и рафинираното брашно. Богати се со протеини, витамин Б, калциум и други корисни хранливи материи поради што се многу важна храна за луѓето што често страдаат од киселини.

Храна богата со калциум
Калциумот помага за ограничување на секрецијата на стомачните киселини и затоа храната богата со овој минерал помага и за други слични проблеми. Храната како млеко, брокула, кељ и урда ја смируваат внатрешната обвивка на желудникот.

Комбинацијата од храна богата со калиум и богата со калциум, на пример, млеко со мед, има уште подобар ефект. Неслучајно калциумкарбонатот е широко познат како противкиселично средство, кое го продаваат аптеките.

Риба и морски плодови
ovosjeМорските плодови, особено рибата, се корисни при стомачните киселини. Морските риби содржат специфична органска киселина – таурин. Токму како храна богата со калциум, тауринот помага за ограничување на производството на стомачните киселини.

Која храна да се одбегнува?
Некои зачини, овошје и пијалаци како што може да помогнат при намалување или отстранување на киселините, исто така има продукти што може да ги предизвикаат. Лесните повремени киселини се вообичаени. Обично проблемот се решава со некои промени во начинот на живеење или во потешки случаи со лекови продавани без рецепт. Посочено е која храна може да помогне за надминување на овој проблем, но добро е да се знае и која храна треба да се одбегнува.

Кисели плодови
Некои овошја и зеленчук, иако корисни, може да предизвикаат киселини во желудникот. Стручњаците препорачуваат да се избегнуваат доматите како превенција против киселините.

Овошјето и зеленчукот, кои може да предизвикаат симптоми, вклучуваат портокали, грејпфрут, мандарини, кромид, пиперки (особено лути).

Овошните и зеленчуковите сокови исто така може да предизвикаат кисела состојба во организмот. Зеленчукот и овошјето, приготвени со пикантни зачини, или мрсни сосови треба да се одбегнуваат.

Зачинета храна
Зачинетата храна често е причина за киселини. Поради оваа причина е добро да се избегнуваат јадењата приготвени со лути пиперки, сенф, кари, чили. Слатките зачини како нането исто така не се добар избор. Кога се јаде надвор од дома во некој ресторан, препорачливо е да бараме храната да не биде зачинета или да бидат сервирани одделно за да се заштити желудникот од киселини. Кога се подготвува дома, најдобро е да се заборави на зачините.

Кофеин
Храната што содржи кофеин како чоколадото, тирамису и разните енергетски блокови исто така може да предизвикаат киселини, како и пијалаците како кафето, чајот, газираните сокови, енергетските пијалаци и топлото чоколадо. Луѓето што немаат проблем со умереното количество кофеин е добро да ги избегнуваат барем пијалаците што содржат високо ниво кофеин, а такви се еспресото и енергетските пијалаци.

Мрсна храна
Ограничувањето или избегнувањето мрсна храна може да помогне да се намалат фреквенцијата и тешкиот карактер на киселините во желудникот. Слабеењето, тврдат стручњаците, исто така помага. Бидејќи консумирањето мрсна храна често се поврзува со лошото одржување на тежината, а нивното избегнување ќе обезбеди повеќе од една бенефиција, односно намалување на килограмите. Мрсната и пржената храна, како црвено месо, чипс, сланина, колбаси, полномасни млечни производи, маслото и жолчките од јајце, може да бидат предизвикувачи.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top
trusted online casino malaysia minyak dagu mega888 pussy888 xe88 apk joker123 super 8 ways ultimate casino malaysia live22 mega888 免费电影 casino malaysia 918kiss