Home / природен лек / Капините го јакнат имунитетот!

Капините го јакнат имунитетот!

Капините се сочно овошје кое расте на грмушки или лоза. Консумирањето на овие бобинки обезбедува бенефиции што можат да му помогнат на човечкиот организам да се бори против инфекции и разни заболувања. Сите видови на овошје кои имаат темна боја – сливи, капини, грозје, ги разградуваат мастите и го јакнат имунитетот.

kupina1Капините се многу вкусни и корисни. Тие се богати со здрави состојки и антиоксиданси, кои го штитат организмот од штетното дејство на слободните радикали, кои може да предизвикаат најразлични заболувања, па дури и рак. Според тоа, капинките се природни антиканцерогени лекови. Од ова овошје може да се направи слатко, сок и компот.

Тие, исто така содржат и растителни влакна. Внесот на растителни влакна во организмот се од суштинско значење за здравата исхрана. Овие растителни влакна, кој се наоѓаат во капините може да помогнат во одржување на правилното функционирање на дигестивниот систем. Капините се познати по брзото ублажување на симптомите од дигестивните проблеми, како што се дијареја и воспаление на цревата. Исто така го намалуваат ризикот за заболување од рак на дебелото црево и припомага да го регулираме шеќерот во крвта што е од витално значење за луѓето болни од дијабетес.

MoeZdravje

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top