Free songs
Home / природен лек / Рибиното масло за превенција и лекување на многу болести

Рибиното масло за превенција и лекување на многу болести

Одамна е познато дека рибиното масло може да ги ублажи симптомите на артритис и е корисен додаток за подобар развој на мозокот кај децата. Сега истражувањата покажуваат и дека рибиното масло им помага на пушачите при откажување од цигарите, но и за превенција и лекување на многу болести.

Лекарите препорачуваат рибата да се најде на трпезата барем двапати неделно, бидејќи е богата со Омега 3 масни киселини.

riblje-ulje-kapsule-rukaБројните истражувања покажале дека рибиното масло ги подобрува детските способности за учење, но и нивното однесување, а посебно се покажало корисно кај децата со АДХД и при проблемите со учење.

Омега 3 масните киселини ги намалуваат воспаленијата на артериите кои доведуваат до срцеви удари, а делуваат и како антикоагулант кој го подобрува крвотокот.

Суплементите Омега 3 се одлични за подобрување на когнитивните функции. При едно истражување е откриено дека исхраната богата со Омега 3 може да го зголеми волуменот на делот од мозокот кој е одговорен за паметење и заштита од деменција.

Одличните својства на рибиното масло се чувствуваат и кај лицата кои го губат видот.

Рибиното масло ги олеснува болките кај пациентите од ревматоиден артритис. Едно шведско истражување во кое учествувале 32 илјади жени покажало дека конзумирањето лосос еднаш неделно може да го намали ризикот од развој на оваа болест дури за половина.

Истражувањата покажале дека земањето Омега 3 за време на бременоста може да го намали ризикот од депресија, додека други студии покажале дека исхраната богата со риба влијае на коефициентот на интелегенција кај бебето. Исто така, неодамна спроведено австралиско истражување покажало дека Омега 3 може да го намали ризикот од спонтани абортуси. Сепак на трудниците не им се препорачува да јадат морска риба поради потенцијалното присуство на одредени токсини и тешки метали во нејзиното месо. Затоа суплементите се најдобра опција.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top