Free songs
Home / бабини рецепти / Како да го запрете чешањето ако ве касне комарец

Како да го запрете чешањето ако ве касне комарец

Постојат природни начини како да го ублажите или дури и сосема да го елиминирате чешањето доколку ве касне комарец.

320387_komarci-02-ifas.ufl_.edu_ff-300x274Босилек

Ароматичниот лист на босилекот содржи камфор и тимол – две компоненти кои го намалуваат чешањето. Листот можете директно да го ставите на каснатото место.

МРАЗ

Ако имате мраз на рака, олеснувањето е моментално, бидејќи мразот го спречува чешањето со умртвување на нервните завршетоци.

МЕД

Добро е да се намачка местото на пункција со мед, чии антибактериски и анти-воспалителни својства брзо можат брзо да го ублажат чешањето и да го намалат отокот.

ПАСТА ЗА ЗАБИ

Ставете паста за заби на местото – чешањето веднаш ќе мине, а и отокот ќе спласне.

Кора од банани

Некои луѓе се колнат во ефикасноста на кората од банана, а други велат дека не им помага, меѓутоа, не штети да пробате. Лекарите велат дека кората од банана ја извлекува течноста од каснатото место, а со самото тоа чешањето постепено се намалува.

Стандардно е добра и алое верата, која го олеснува чешањето, како и сода бикарбоната.

Дали ќе ве касне комарец – зошто некого да, некого не – еве како ги бираат своите жртви

Направете замка за комарци – без хемикалии и на природен начин

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top