Free songs
Home / бабини рецепти / Како брзо да го сопрете икањето

Како брзо да го сопрете икањето

Како најчести виновници за појавата на икањето се споменуваат газираните пијалоци, пребрзото јадење или прејадување, силни емоции како страв, возбуда, консумирањето алкохол во голема количина…

ikanjeИкањето поминува за неколку минути, но не постои човек на кој не му пречи и кој не би сакал да го отстрани што е можно побрзо.

Затоа кога ќе започнете со икањето пробајте некој од овие домашни рецепти кои гарантираат за брзо и едноставно запирање на здодевното икање:

-Ставете ги прстите во уши

Можеби ќе ви звучи чудесно, но овој метод на многумина им помага да го прекинат икањето. На овој начин, ги стимулирате нервите поврзани со дијафрагмата и икањето престанува.

-Дишете во хартиена кеса  

Земете хартиена кеса и покријте ги со неа носот и устата, а потоа дишете така некоја минута. Со помош на хартиената кеса, во крвта се создава диоксид.

-Задржете го здивот

Земете воздух и задржете го здивот и започнете да броите. Бројте колку што можете да издржите и методот повторете го онолку пати колку што ви е потребно, односно додека не престане икањето кое на овој начин би требало веднаш да престане.

-Рацете во вис

Пробајте да чекорите или да стојте со рацете кренати во вис. Дишете длабоко и почекајте некоја минута, икањето со сигурност треба да запре.

-Сув леб

Јадењето сув леб и нежното допирање на горното непце со јазикот се уште неколку методи кои ефикасно го запираат икањето.

-Јаболков оцет

Во една кафена лажичка капнете неколку капки од јаболковиот оцет и потоа полека натопете ја устата. Самата киселина ќе му помогне на вашиот организам побргу да се реши од икањето.

-Бел шеќер

Еден од најефикасните начини за сопирање на икањето е да изедете една кафена лажичка бел шеќер. Откога ќе земете една лажичка шеќер заедно со неа испијте и една чаша вода.

-Вода

Водата исто така се смета за најефикасен начин во борба проти икањето. Пијте ја водата голтка по голтка со кратки паузи измеѓу, а главата нека ви биде крената 90 степени.

-Сол и јогурт

Икањето лесно ќе го запрете со помош на јогуртот, но за поголема ефикасност во половина чаша јогурт додадете две големи лажици сол. Измешајте ги јогуртот и солта, а потоа испијте ја чашата голтка по голтка со паузи измеѓу секое пивнување.

-Овошје

Овошјето од фамилијата цитруси може да ви биде од голема корист кога станува збор за икањето. Во оваа група спаѓаат лимонот, портокалот, лиметата… изедете едно од овие овошја и икањето ќе престане. Ако се одлучите за лимон, јадете го заедно со шеќер.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top