Free songs
Home / аларм / И таблетите против главоболки можат да бидат причина за главоболка

И таблетите против главоболки можат да бидат причина за главоболка

Главоболките предизвикани од прекумерно земање на лекови, познати се и како повратни главоболки, настануваат поради честото и прекумерно земање на аналгетици.

Овие видови на главоболка претставуваат трет најчест причинител за оваа појава и се почести кај жени меѓу 30 и 40 години, иако можат да се појават во било која возраст.

Претерана употреба

Обично се создаваат кај лицата кои имаат епизодна мигрена, која со текот на времето се трансформира во хроничен облик (повеќе од 15 главоболки месечно), поради што лицата почнуваат секојдневно да земаат лекови поради болките, но и поради страв дека главоболката ќе им се врати.

Било кој аналгетик може да доведе до главоболка предизвикана од прекумерно земања на лекови, меѓутоа најбргу и најчесто до тоа доведуваат комбинираните препарати, кои во себе содржат кофеин и кодеин, опиоидни аналгетици.

Се смета дека секојдневно земање на повеќе од 10 аналгетици, во период подолг од три месеци, доведува до развој на главоболка предизвикана од прекумерно земање на лекови.

Лечење на главоболка

Главоболките се многу чести во општата популација и проблем се создава кога пациентите се лечат сами, без консултација со доктор.

Лицата со главоболка предизвикана од прекумерно земања на лекови треба да посетат невролог.

Принципот на лечење на тој тип на главоболка ќе се одреди после детален невролошки преглед, во кој ќе се процени за каков тип на главоболка станува збор, односно кој вид на примарна главоболка довела до потребата од прекумерно земање на лекови.

Покрај тоа, неврологот ќе процени дали лечењето ќе се спроведе амбулантно или е потребна хоспитализација.

Во двата случаја неопходно е веднаш да се прекине да се зема тој аналгетик.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top