Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!
Free songs
Home / сведоштва / Го киднапирале сопственото дете од болница и му го спасиле животот!

Го киднапирале сопственото дете од болница и му го спасиле животот!

Ашја Кинг, петгодишно момче од Велика Британија, кој се најде во центарот на вниманието на светската јавност откако родителите на своја рака го извадиле од болницата и покрај инсистирањето на лекарите да остане, е излекуван од рак.

494091_decak-reuters_fВо државната болница во Саутемптом на момчето не можеле да му овозможат соодветно лекување и родителите на своја рака решиле да го извадат од болницата, и покрај забраната на лекарите. Во август минатата година, директно од болницата отпатувале за Шпанија, каде имаат викендичка. На враќање од Шпанија во Велика Британија, тие биле уапсени и поминале неколку ноќи во затвор, разделени од своето дете.

И покрај сето тоа, таткото на момчето рекол: „И денес би го направил истото“.

По повеќемесечната правна борба, родителите на момчето оваа година конечно добиле дозвола Ашја да го однесат на лекување во Прага, Чешка, во Центарот за протонска терапија. Според нивните зборови, третманот на ракот на мозокот од кој Ашја боледувал, во Прага бил исклучително успешен. Протонската терапија која Ашја ја добил во Прага била многу поефективна од радиотерапијата која била достапна во Саутемптон. Тој начин на лекување ги ограничува нуспојавите како радијација на виталните органи како што се срце и црн дроб.profimedia-0209230352

Нуспојавите во случајот на Ашја би можеле да доведат до долгорочни срцеви оштетувања како и до големи проблеми со дишењето.

– Доколку го оставевме Ашја во англиската државна болница, тој сега не би бил жив – рекла мајката на момчето.
Семејството Кинг повторно отпатувало во Шпанија, каде излекуваното момче успешно закрепнува.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top