Free songs
Home / природен лек / Еве што се може да излечи обичната сол

Еве што се може да излечи обичната сол

Покрај тоа што ја користиме во кујната, солта може да послужи и како лек за многу проблеми со здравјето.

Дознајте кои здравствени проблеми можете да ги решите со помош на овој зачин.morska sol

Ако ве боли грло

Направете мешавина од 1 лажичка сол и 2,5 dl вода и мешајте додека не се стопи. Со растворот правете гаргара неколку пати дневно.

Изгореници во устата

Ако сте ставиле нешто жешко или луто на јазикот, направете раствор од пола лажичка сол и 2 dl млака вода, па правете гаргара на секој час.

За болна и чувствителна вилица

Направете раствор од 1 лажичка сол и 1 dl вода, па правете гаргара колку можете почесто.

Забоболка

Како привремено решение за намалување на болката додека стигнете на стоматолог, плакнете ја устата со раствор од 1 dl млака вода, 2 лажички оцет и 1 лажичка сол.

Убод од инсект

Солта може да ја намали болката и да го намали отокот при убод од пчела или некој друг инсект.

Од солта може да направите густа паста.

Нанесете ја на местото на убодот, оставете ја така да стои додека целосно не се исуши.

Солта ќе ја смири иритацијата и ќе ја намали болката.

Алергија и воспаление на синуси

Солта е спас за иритираната слузокожа. Варете 2 до 3 dl вода, па додајте сол, доволно за водата да биде солена како морската. Почекајте да се излади на собна температура, претурете ја во шише од капки за нос и двапати на ден прскајте во носот.

Отечени нозе

Направете купка за нозе која ќе ги намали отоците на зглобовите и ќе ви ги одмори нозете.

Во леген ставете топла вода и додајте околу 4 лажички сол и неколку капки етерично масло од лаванда, нане или еукалиптус.

Чувајте ги нозете покиснати во растворот околу половина час.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top