Free songs
Home / бабини рецепти / Ефикасен лек против воспаление на синусите

Ефикасен лек против воспаление на синусите

Доколку сакате на природен и здрав начин да се решите од овие непријатни нуспојави, и притоа да го зајакнете имунитетот, тогаш направете си сами природно средство за одзатнување на синусите.

sinusi2Состојки:

1 мала шолја мед
1 мала шолја сок од лимон
5 до 7 главици роткви
1 мал кромид
6 чешниња лук
Подготовка:

1. Зеленчукот добро измијте го, а лукот и кромидот излупете ги и исечете ги на четвртинки.

2. Се заедно ставете во блендер и добро измиксајте додека не добиете хомогена смеса.

3. Мешавината сипете ја во сад и ставете ја во фрижидер.

Користење:

Возрасните земаат 2 супени лажици на ден (или повеќе ако е потребно)
Децата земаат 1 лажица дневно
Првата реакција на лекот ќе ја почувствувате по 24 часа

Синузитис е болест предизвикана од воспаление на слузницата во синусите. Причините можат да бидат најразлични, а најчести се автоимуни болести, бактериски, габични или вирусни инфекции. Воспалението на синусите по правило се лечи со антибиотици, но тие пак се штетни за здравјето како целина, а ако често ги користиме, телото станува резистентно и џабе ги пиеме.

За среќа во природата постојат билки кои можат да ни помогнат да се решиме од воспалението на синусите, а истовремено и да се намали ризикот од повторна појава на болеста.

Портокал

Портокалот претставува одличен извор на витамин Ц, кој го отчепува затнатиот нос и помага за прочистување на синусите. Вдишување на мирис од портокал исто така ќе помогне да се прочистат синусите. Истражувањата покажале дека секојдневната конзумација на портокали може значително да го намали ризикот од воспаление на синусите што е вистински предизвик за личностите кои боледуваат од оваа болест.

Лук

Лукот има одлични антибактериски и антимокотични својства па затоа ефикасно ќе го ублажи воспалението на синусите предизвикано од бактериска или габична инфекција. Алицинот, состојка на лукот која го дава карактеристичниот мирис, има антибактериско дејство поради што е мошне ефикасен и при лечење на оваа непријатна болест.

Коприва

Копривата ги ублажува симптомите од воспалението на синусите, вклучувајќи и иритација на очите и носот. Ова растение ако се користи како чај или тинктура, ја потикнува работата на имунолошкиот систем кој поефикасно ќе ја реши инфекцијата на синусите. Исто така потикнува лачење на слуз од синусите кој е главен причинител на неподносливата болка.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top