Free songs
Home / природен лек / Едноставни лекови против стрес и нервоза

Едноставни лекови против стрес и нервоза

Големата потрошувачка на лекови за смирување ја наметнува потребата за информации за природни средства кои ги олеснуваат миговите на стрес и несоница. Ако одберете вежби за релаксација или работа на себе, нема да погрешите. Здрава опција се и природните лекови, односно лековити билки, кои помагаат кога ќе ве нападне нервозата и стресот.

lavandaЛаванда

Лавандата одамна се користи за борба против несоницата и кај болести со нервите. Лавандата можете да ја ставите во купка пред спиење или да подготвите чај за смирување. Освен што ги опушта мускулите, ја смирува нервозата и вознемиреноста, чајот од лаванда делува ефикасно и во случај на нарушен сон.

Камилица

Лековита билка која го опушта целото тело. Ги омекнува и смирува ткивата и мускулите. Силни дози на чај од камилица помагаат и кај несоница. Камилицата делува и антивоспалителни и ја смирува надразнетата кожа.

kamilicaМајчина душичка

Лековитите состојки се кријат и во листот и во цветот, а нејзините етерични масла ги опуштаат мускулите. Со оглед дека нејзините состојки лесно ветреат, потребно е да ја подготвите во затворен сад за чајот да не ги изгуби лековитите својства. Подготовката на чајот е едноставна: лажичка мајчина душичка прелејте ја со два децилитри врела вода, поклопете и оставите да стои така половина час. Тинктурата од мајчина душичка може да се употребува и за локална масажа при болки во мускулите и зглобовите, но и кај болни од мултиплекс склероза.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top