Home / природен лек / Бамја – за оние кои патат од гастрит, чир ..

Бамја – за оние кои патат од гастрит, чир ..

Поради високиот процент на целулоза, пектин, благотворно делува на органите за варење, и се препорачува за луѓето кои страдаат од гастритис, чир, воспаление на цревата. Покрај тоа, го поттикнува отстранувањето на токсините од телото, а ѝ се припишуваат и афродизијачки својства.

bamjaБамјаAbelmoschus esculentus) е едногодишно растение од фамилијата Слезови (Malvaceae). Се одгледува заради младите (4-5 дена) плодови, кои се консумираат зготвени. Позната е од пред 3.000 години во Египет и во Азија. Кај нас е застапена на многу мали површини. Бамјата е една од најтоплољубивите градинарски култури. Почнува да никнува на 15 степени целзиусови а оптимални се 25 степени. Активната вегетација е при температура меѓу 26 и 28 степени. Исклучиво е светлољубива припадничка на долгиот ден

Најмногу се одгледува во Турција, Бугарија, Грција, Македонија, а од поранешните југословенски простори, застапена е во Босна, односно во Херцеговина. Во поголемиот дел од Македонија (централниот и источниот), бамјата има долга традиција на одгледување. Сепак, во споредба со другите зеленчуци, не е доволно застапена во исхраната. Кај нас попознати сорти се „цариградска” („султанија”), „црвена бамја” и др. Гурманите ја сметаат за деликатес и специјалитет.

Хемискиот состав на бамјата е многу сличен на боранијата. Има нешто поголема хранлива и енергетска вредност, повеќе сува материја, протеини, витамини и калиум, а помалку натриум и железо. Таа, исто така, содржи значајни количини на магнезиум, бакар, цинк, манган, ванадиум, сулфур и силициум. Карактеристичниот мирис и вкус доаѓаат од слузните материи и етеричните масла.

Поради високиот процент на целулоза, пектин, благотворно делува на органите за варење, и се препорачува за луѓето кои страдаат од гастритис, чир, воспаление на цревата. Покрај тоа, го поттикнува отстранувањето на токсините од телото, а ѝ се припишуваат и афродизијачки својства.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top