Home / природен лек / Домашни лекови против болки во нозете!

Домашни лекови против болки во нозете!

Од сите делови на телото редовно ги занемаруваме нозете. Болките во стапалата се еден од најважните општи проблеми на луѓето. Оваа болка се јавува од прекумерно одење, неудобни чевли, враснати ножни нокти или поради предолго стоење.

Еве неколку домашни лекови за ублажување на болка.

bol-u-nogefinГорчлива сол

После долгиот ден, одење или носење на неудобни чевли најдобар начин да се опуштете е со помош на горчлива сол. Наполнете сад со топла вода и додадете 4 лажици горчлива сол и натопете ги нозете. По 15 минути извадете ги нозете од садот исушете ги и користете добра навлажнувачка крема . Овој лек ја зголемува циркулацијата на крв и ги намалува отоците.

Масло за масажа

И тоа помага во ослободување на болките во мускулите. Започнете да ги масирате стапалата, користејќи кружни движења и преминете преку цело стапало кон прстите. Обрнете особено внимание на пртите и нежно потегнете ги еден по друг. Маслото од камилица, маслиновото и маслото од лаванда можете да ги користете за масажа за да ја поттикнете циркулацијата во нозете.

Диета

Можете да ја ублажите болката со консумирање на здрава храна. Отоците во нозете настануваат кога течноста се задржува во телото. Прехранбените производи како бананата го ублажуваат задржувањето на течностите бидејќи содржат калиум. Риба, јогурт и месо содржат малку натриум па јадете ги за да спречите создавање на отоци.

Топло – ладно

Наизменичното туширање со топла и ладна вода ја забрзува циркулацијата на крвта во нозете. Водата ја ублажува болката од проширени вени а утврдено е и дека ја забавува нивната појава. Натопете ги нозете во топла вода 2- 3 минути и направете го истото во ладна вода, 5 -6 минути. Повторете ја оваа постапка 4 пати со мали паузи. Топлата вода ќе ја подобри циркулацијата додека ладната вода го смирува воспалението.

Оцет

Оцетот се користи како домашен лек за смирување на бројни болести, вклучувајќи и болка во нозете. Ако сте ја шинале или истегнале ногата можете да користите топла и ладна вода и оцет за намалување на болките. Земете два сада со иста количина на вода и оцет. Водата во едниот сад мора да биде врела а ладна во другиот сад. Натопете ја крпата во топла вода, истиснете го вишокот и замотајте околу стапалата на кои треба да остане 5 минути. Истото направете го и со ладната вода.

Duma.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top