Free songs
Home / бабини рецепти / Домашен лек против изгореници

Домашен лек против изгореници

Едно од најдобрите средства за прва помош при изгореници е оцетот.  Истурете  малку оцет веднаш после повредата и колку побрзо го сторите тоа, толку подобар ќе биде ефектот. После тоа покријте ја раната со газа натопена во оцет.

izgorenica rakaДруго средство во вакви ситуации е етеричното масло од лаванда. Ако го нанесете веднаш после повредата, тоа ќе го намали ризикот од воспаленија и компликации. Лавандата е добар антисептик но и ја смирува болката.

Исто така добра идеа е и алое вера. Ова растение докажано е многу полезно за кожата. Парче алое се поставува дирекно врз изгореното место, или пак се ставаат облоги од 100% гел од алое.

Облоги од жолт кантарион или невен се исто така многу добар начин за третирање на вакви рани. Кантарионот и невенот се чуваат во стаклен сад во маслиново масло на сонце извесно време. Се нанесува дирекно врз раната како облога.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top