Home / сведоштва / Добринка Младеновска: Како го победив ракот

Добринка Младеновска: Како го победив ракот

Педесет и четири годишната скопјанка Добринка Младеновска за Фактор ја сподели својата животна приказна. Таа се сеќава дека пред околу десет години на случаен самопреглед забележала промена и болка на едната дојка. Лекарите веднаш по прегледот и го потврдиле сомнежот. Кај неа бил дијагностициран рак, но не не само на едната,  туку на двете дојки. Ова за неа бил двоен шок, кој многу брзо и по интервентна постапка завршил со хируршки зафат.

10593181_311402069040852_197595098270638835_n-480x272-1728x800_c“Оваа информација за мене беше шок, неверување. Па јас имав само 45 години! Две деца средношколци, кои беа на половина пат. Моите грижи беа како да ги насочам кон вистинскиот пат, а сега се соочив со страотна препрека. Сериозна за моето здравје. По првичниот лекарски преглед кога ми беше кажано дека се зафатени и двете дојки,следеше биопсија, дополнителни прегледи и операција. Се за околу десетина дена,  бидејќи болеста беше во напредната фаза. И додека да бидам свесна што ми се случува, целиот живот ми поминуваше пред очи. Но кога видов дека многу други жени го поминуваат истиот животен кошмар, решив да се борам. За себе, за моите деца, за сопругот, за семејството”-раскажува Добринка Младеновска.

Нејзината борба продолжува со терапии, прегледи. Се сеќава дека многупати тагата и неизвесноста за текот на нејзиниот живот ја ставиле на тенка граница до депресија. Раскажува дека  веднаш по операцијата ја посетиле неколку жени од  здружението “Животна искра”. Tоа за неа во тој момент било повеќе од потребно, за да се соочи со болеста, со болката. И да тргне напред.

Целата сторија ОВДЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top