Home / Болести и лечење / Дали сте и вие уморни овие денови?

Дали сте и вие уморни овие денови?

Ако последните неколку денови чувствувате умор и тешко ви е да станете, знајте дека не сте единствени. Промената на годишното време, односно преоѓањето од лето во есен, така влијае на повеќето луѓе.

Причина за тоа е што има се помалку сонце.

rabota umor stres„Кога сте на сонце, очите испраќаат сигнал до мозокот да собира сончева светлина. Најдобро е утринското сонце, кое ни помага полесно да се разбудиме, но истовремено не одржува будни и во текот на целиот ден“, објаснува д-р Мајкл Хауел од Универзитетот во Минесота.

Промената, односно помалата изложеност на сонце, го нарушува природниот ритам на нашиот организам. Поради тоа, кога ќе пројде летото и дојде есента, често чувствуваме умор иако не сме извршувале никакви напорни физички и психички работи.

Д-р Хауел објаснува дека нашиот организам всушност има два внатрешни часовници – летен и зимски, кои се сменуваат во зависност од изложеноста на сонце. Никакво вештачко осветлување не може да ни помогне, објаснува докторот.

Тој вели дека постуденото време често го менува и нашето расположение. На пример, потешко ни е да се натераме себе си физички да бидеме активни кога надвор малку ќе застуди, па повеќе време поминуваме излежувајќи се.

„Физичката активност придонесува и психички да бидеме будни“, истакнува Хауел.

Секако, промената на годишното време нема никаков долготраен ефект на нашиот организам, кој на помала изложеност на сончева светлина се навикнува за неколку седмици.

Fama.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top