Home / бабини рецепти / Чудотворната тревка на Св. Архангел Михаил го лечи целиот организам

Чудотворната тревка на Св. Архангел Михаил го лечи целиот организам

Интересната билка Анѓелика (Angelica archangelica), во народната медицина се користи долго време. Поради својот ароматичен вкус, одамна е позната како храна, зачин, но и лек.Во градините на средновековните калуѓери, се одгледувала како една од главните лековити билки, а пред се како средство против чума. Според легендата, благородноста во лечењето на чума која тогаш брзо се ширела низ Европа, ја открил Архангел Михаил, по кого и го добила името. Познато било дека го смирува и нервниот систем и го регулира варењето, поради што добила посебно место кај свештениците во средниот век.

Се препорачува и за заздравување од анорексија и изнемоштеност. Билката се користи и против реума, болест на црниот дроб, жолчката, како и против менструалните болки.

Анѓелика е делотворен експерторанс, бидејќи го поттикнува секретот кај дишните органи. Во нејзиниот состав има масло кое делува против воспаление и ги уништува инфекциите кај бронхитис и воспаление на белите дробови. Билката го спречува и згуснувањето на крвта, затоа се препорачува при лекувањето на тромбоза.

Чајот од оваа благородна билка е корисен за желудникот, прочистување на крв и бешиката. Ги ублажува грчевите во стомакот и хемороидите.

Производите од билката Анѓелика, не се препорачуваат за време на бременост и доење. Исто така, не е препорачлива за дијабетичари, како и за пациенти кои користат лекови против згрутчување на крвта.

При користење на билката треба да се избегнува подолг престој на сонце поради фумарокумарина, што ја содржи билката.

Екстракт, Тинктур, Етерично масло

При терапевтската терапија билката Анѓелика се користи како течен екстрат, тинктура, етерично масло или сув корен за чај. Дневно се зема 1,5 до 3гр екстакт, а како тинктура, две до три дози од 20 капки растворени во малку вода, непосредно пред оброкот.

Познавачите на народната медицина, препорачуваат Анѓелика како етерично масло да се користи два до три пати по три или најмногу четири капки. Чајот пак, се прави од една лажица сув корен

press24.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top