Free songs
Home / природен лек / Чаевите ве чистат од загадениот воздух – еве што да пиете

Чаевите ве чистат од загадениот воздух – еве што да пиете

Фармацевтите и некои од пулмолозите велат не е с` така црно со нашите бели дробови во услови на загаден воздух – некои од штетните честички може да бидат елиминирани од организмот преку црниот дроб, бубрезите. Важно е да се пијат доволно вода и чаеви – особено од лист од подбел, може и мајчина душица, риген, жалфија…

Внесувањето многу течности помага за детоксикација

zagaduvanje1-300x200Фармацевтите со став дека, ако дојде до внесување отрови во дишните патишта, без разлика дали се органски или неоргански, организмот се обидува да ги исфрли и да се детоксицира преку метаболистичките процеси.

за дишните патишта, важно е, посебно скопјани, да пијат чаеви од лист од подбел, може и од мајчина душица, риген, цвет од бозел и од невен, лист од тегавец, како и босилек. Kога треба да се искашла слузта, може да се пие и чај од јаглика, лист од лопен, кој го подобрува искашлувањето, а може и липа и жалфија, кои го намалуваат воспалението и го олеснуваат дишењето

Честичките од загадениот воздух влегуваат во крвта на човекот и влијаат многу лошо, без оглед дали органски или неоргански, а детоксикација не доаѓа предвид. Ефектите се различни – оние честички што настануваат од согорување и се од органско потекло ги поврзуваат со канцерогени својства – 20-30 отсто од честичката е канцероген, а останатиот дел механички ги оштетува белите дробови. Тие се таложат и делумно ги затнуваат дишните патишта, со што создаваат основа за развој на белодробните заболувања. ситните честички поминуваат во крвта и го забавуваат протокот, па може да доведат до коагулација и до тромботични промени, кои се најопасни за срцето и за мозокот.

Дури и срцевите инфаркти и мозочните удари ги поврзуваат со изложеноста на овие честички, чија опасност за здравјето е опишана во многу научни студии во светот, направени во лабораториски услови. А за тоа дека има поврзаност помеѓу честичките и случаите на срцев инфаркт и на мозочен удар, беше презентирано и на состанок на Светската здравствена организација, што годинава се одржа во Бон, Германија

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top