Free songs
Home / природен лек / ЧАЕВИ ЗА ПРАВЕЊЕ БЕБЕ

ЧАЕВИ ЗА ПРАВЕЊЕ БЕБЕ

Конвенционалните лекови и третмани за зачнување на бебе се од голема помош и даваат одлични резултати, но и народната медицина има свои фаворити. Постои долг список на ефикасни природни лекови кои можат да помогнат за подобра плодност кај жените и кај мажите, односно за полесен пат до саканата бременост.

bremenost2-300x260За подобрување на плодноста кај жените постојат повеќе рецепти на мешавини на природни чаеви. Една од нив е мешавината од еднакви делови на зелен чај, вркута и коприва, каде може да се додаде и витекс (кој не постои во облик на чај, туку во форма на таблети). Чајот ќе го приготвите со полна лажица мешавина од овие билки и два децилитра зовриена вода. Смесата оставете ја да отстои 15 минути. Чајот можете да го пиете само ако не сте подложени на хормонска терапија. За поубав вкус доадете и нане, а со тоа се предлага и консумирање ореви поради регулирање на функцијата на бубрезите. За појадок јадете ореви и две печени јаболка. Кога ќе почнете да ја применувате оваа природна терапија, во потполност исфрлете ги слатките продукти од исхраната. Консумирајте овошје и зеленчук колку што сакате.
Едно мало, но важно предупредување. Чајот од вирка или вркута не се комбинира со ајдучка трева поради опасноста од појава на згрутчување на крвта – тромб.
Валеријаната одамна се користи за лекување на неплодноста на жените. Во народната медицина ја нарекуваат и очајничка, што сликовито ги опишува нејзините дамнешни кориснички, жените кои очајувале поради неможноста да станат мајки. Основата на нејзиното дејство е нормализирањето на лачењето на половите хормони и урамнотежувањето на хормоналниот циклус, којшто е предуслов за уредна бременост. Исто така, валеријаната помага и кај менструалните тегоби и низа други женски болести. Валеријаната се зема во облик на чај и тоа две лажички треба да се прелијат со два ипол децилитра вода и да се процедат три до пет минути. Се советува земање од три до пет шолји на ден. Поради горчливиот вкус, на некои им е полесно да го консумираат кога е студен, а може и да се заслади, но со мала количина мед. Овој чај треба да се консумира најмалку три месеци во континуитет. За време на менструалниот циклус направете пауза. Едно предупредување: откако ќе се утврди бременоста, треба да се прекине со консумирањето на чајот.

Да не ги заборавиме и мажите од кои голем број, исто така, мака мачат со плодноста. Мешавината од ореви, бадеми, кикиритки, лешници, кокос, сусам, излупени семки од тиква и сончоглед, суво грозје, сушени смокви, сливи и кајсии помага да се надомести недостигот на витамини и минерали во организмот и го подобрува имунитетот, всушност, либидото и плодноста. Од сите состојки се зема по 100 г, ситно се сечкаат или се мелат и се мешаат со 1 кг мед. Се зема секое утро и вечер по една супена лажица на празен желудник, а вода се пие неколку минути по земањето на смесата.

Со мед и рен до бременост. Овој рецепт е проверен природен пат полесно да се забремени. Во 200 г мед изрендајте 50 г рен и оставете да отстои на дневна светлина во траење од 10 дена. Од 11-от ден почнете да земате по една лажица на празен стомак. Заедно со тоа се пие по една шолја чај од жалфија. Оваа природна мешавина треба да ја пиете за време на менструалниот циклус. Кога ќе се потроши смесата, не треба да приготвувате друга.

majkaidete.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top