Free songs
Home / Болести и лечење / Ако сте постојано нервозни – можно е да боледувате од ова

Ако сте постојано нервозни – можно е да боледувате од ова

Раздразливоста може да биде сигнал за предупредување на некоја сериозна болест и би требало да посветите внимание на придружните симптоми што се јавуваат. На секој проблем, односно болест би требало да се пристапи на индивидуален начин.

_sp-nervozan-decak* ДЕПРЕСИЈА
Ако раздразливоста се јавува во комбинација со песимистички ставови, недостиг од самопочит, слаб апетит, летаргија, несоница и загуба на интересот за нормални активности, симптомите може да упатуваат на депресија. Проблемот со депресијата е што често останува недијагностицирана, бидејќи симптомите се разликуваат од личност до личност. На пример, некои луѓе кога ќе паднат во депресија спијат повеќе, а други помалку од вообичаено. Во случај да се сомневате на депресија, задолжително би требало да се посоветувате со лекар.

* МАНИЧНА ДЕПРЕСИЈА
Трајна раздразливост, заедно со измени на потиштеност и одушевување, хиперактивност и меланхолија или постојано зборување упатува на манична депресија. Промените на расположенијата може да се јавуваат често, на пример во еден ден неколку пати, но и во периоди од неколку години. Вежби за опуштање, медитација, но и физичка активност може да бидат од голема помош во намалување на симптомите.

* НЕСОНИЦА
Ако раздразливоста се јавува во текот на денот, а навечер е проследена со неможност за спиење, веројатно се работи за несоница. Можно е тоа да е привремена несоница поврзана со патување или некој актуелен проблем и најчесто трае само неколку ноќи. Ако несоницата е сериозен проблем, исто така би требало да се посоветувате со лекар. И во овој случај може да помогнат вежби за опуштање.

nervoza* ПМС
Кај жените, промените во однесувањето, проследени со замор и тегоби, до десет дена пред менструацијата, најчесто се симптом на ПМС. Предменструалниот синдром може да има исти симптоми како депресијата, но причините не се исти. Иако досега не е утврдена точната причина за ПМС, некои експерти наведуваат хормонска нерамнотежа, некои лошите животни навики, трети преоптовареност, но сите се согласуваат дека за ублажување на тегобите најдобро е да се избегнуваат стресни ситуации дома и на работа, и со техники на релаксација да се ублажат реакциите.

* МЕНОПАУЗА
Промените на расположението, воочливи кај жените околу 50-годишна возраст говорат за менопаузални тегоби. Мажите исто така стануваат раздразливи со текот на годините, затоа и тие и жените ако забележат претерани промени во расположението би требало да се распрашаат на лекар за начините на кои може да ги олеснат симптомите.

* АПСТИНЕНЦИЈАЛНА КРИЗА
Ако сте раздразливи поради тоа што сте ги исфрлиле кофеинот или алкохолот од исхраната, или поради држење диета, престанок со пушење или земање некој лек се работи за апстиненцијална криза. Сериозноста на симптомите на апстиненцијална криза зависи од трајната злоупотреба на одредени нешта.

* СТРЕС
rabota umor stresАко поминувате низ промени на работа или во семејството, последица може да е стресот. Најдобро би било да пробате вежби за опуштање, да се движите во круг од луѓе од кои добивате поддршка, да разговарате со пријателите за проблемот. Никако не смеете да се затворате во себе. Несредените семејни односи најдобро се решаваат со помош на семеен терапевт. Постојаните судири меѓу родителите може да ги зголемат шансите за појава на емоционални тегоби кај децата, на што би требало да посветите внимание и максимално да ги заштитите децата во такви моменти.

* ТРУЕЊЕ
Раздразливост во комбинација со вртоглавица, недостиг од здив, главоболка, замор, тегоби, мачнина која не е поврзана со ниту една друга болест може да укажува на труење. Проблемот особено се јавува ако работите во загадена средина, лоши работни услови, во присуство на јака бучава или некои хемикалии. Во овој случај би требало да размислите за промена на работната средина.

* СЕЗОНСКА ПОТИШТЕНОСТ
Раздразливоста која се менува со потиштеност за време на одредено годишно време се нарекува сезонска потиштеност. Најчесто се јавува во зима или напролет, а предизвикана е од недостиг на сончева светлина. Решението се крие во изложување на сончева светлина или друга светлина со полн спектар.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top