Home / Болести и лечење / Болка во дојките од која патат 70% жени

Болка во дојките од која патат 70% жени

Болката во дојките е честа појава од која патат околу 70% од жените. Медицинскиот термин за оваа состојба е mastodynia или масталгија. Болката се јавува во различни фази од животот. Оваа состојба има значително влијание и врз емотивното здравје на жената, бидејќи кај повеќето жени самодовербата се намалува. Болката може да се јави само во едната дојка, во двете дојки или пак само на одреден дел

Постојат три вида на масталгија:

– Клиничка, каде што болката е интензивна пред менструален циклус, а јачината на болката варира од циклус до циклус.

dojka gradiСимптоми:

  • Болката се појавува за време или пред менструалниот циклус
  • Градите стануваат чувствителни на допир
  • Болката е тешка и непријатна
  • Градите може да отечат
  • Вообичаено е да има болки во двете дојки
  • Болката може да се прошири до делот под пазувите
  • Како што се приближува доаѓањето на менструацијата, болката се зголемува
  • Од овој вид на болка најчесто патат младите девојки
– Неклиничка – болката не зависи од менструалниот циклус и може да биде константно присутна.

Симптоми:

  • Вообичаено е да се појавува само на една дојка
  • Почесто се јавува кај жени по менопаузата
  • Болката се појавува без разлика на менструалниот циклус
  • Константна или моментална болка

509447-rak-dojke-1-300x191

– Болка во градната коска – тоа не е вистинска болка во дојките, туку ги опфаќа мускулите и делот под градите.

Според научниците од Фондацијата за рак на дојка, за болка во дојките се смета каква било болка во градите, чувствителност или непријатност во подрачјето на градите или околното ткиво. Во повеќето случаи, болката во градите не е поврзана со рак на дојка.

Причините за појава на масталгијата се многубројни, но најчесто се поврзуваат со хормонални пореметувања, фиброцистични промени во дојките, појава на циста, воспаление на ребрата и слично.

www.idividi.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top