Home / аларм / Ако работите повеќе од 40 часа седмично „ќе прегорите“

Ако работите повеќе од 40 часа седмично „ќе прегорите“

Ако работите повеќе од 40 часа неделно постои опсаност да прегорите, тврдат експертите. Повеќе од осум часа дневно во пет работни денови ја зголемува веројатноста кај вас да се јави синдромот на прегорување. А долготрајната исцрпеност на вработените допринесува за намален интерес за работа и раздразливост.

rabota umor stresХроничниот стрес наработното место заедно со неодавањето признание за сработеното се двете најголеми причини за синдромот на прегорување, открија научниците. Состојбата на стрес е озбилен проблем за општеството, а економската криза остава озбилни последици на здравјето. Стресот е тесно поврзан со бројот на работни часови. Луѓето кои работат повеќе од 40 часа неделно се во поголема опсаност да прегорат од луѓето кои работат помалку од 35 часа неделно.

Семејството го лечи стресот

Најзагрозени се луѓето кои се многу активни на работеното место, амбициозни се и имаат голем обем на работни задачи. Следни се вработените кои работат монотони работи, а по нив доаѓаат оние кои долго време ја работат истата работа, а не го добиле заслуженото признание.

Работникот кој работи повеќе од 16 години на исто работно место е повеќе изложен на ризик да го развие синдромот на прегорување од работниците кои се на истото работно место помалку од четири години.

Луѓето кои страддат од овој синдром се емоционално исцрпени и стануваат цинични, а нивната продуктивност е намалена. Но исполнет семеен живот може да помогне таа состојба да се држи под контрола.

“Семејството, квалитетната врска или децата понекогаш може да делуваат како заштитни перничиња, бидејќи по завршувањето на работниот ден можете да ги напуштите грижите поврзани со работа и да се посветите на поинакви задачи”, сметаат лекарите.

Попара.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top