Free songs
Home / сведоштва / 74-годишен Ирец одбил хемотерапија и се излекувал со пченична трева

74-годишен Ирец одбил хемотерапија и се излекувал со пченична трева

Кога лекарите му рекле на 74-годишниот Дени Мекдоналд од градот Данаф во Ирска дека има рак на желудникот, кој е толку раширен што најверојатно ќе го убие во наредните три месеци, тој решил да ги игнорира нивните совети за да ја избегне хемотерапијата и да прифати прехранбен пристап за своето оздравување. По четири години тој се чувствувал одлично благодарение на усвоениот дневен протокол кој вклучувал и пиење сок од пченична трева.

pcenicna-treva-sok-06Според Sunday World, Дени станал свесен за својата состојба кога поради пукање на чирот во желудникот бил префрлен во болница. Додека се обидувале да му го запрат крвавењето лекарите откриле дека тој боледува од тежок облик на рак кој се проширил во целото тело. Како единствен начин на лекување му била предложена конвенционалната хемотерапија и зрачењето.

За разлика од другите луѓе, Дени решил да ги истражи и другите методи на лекување и подоцна ги известил своите лекари дека се определил за сопствен домашен третман во кој била вклучена и пченичната трева. Лекарите, лути на неговата одлука, му рекле дека ќе биде мртов за неколку недели, но Дени останал на својот став. Неговиот избор на пченичната трева како третман за неговиот рак се темелел на искуствата што ги чул од пријателите за чудесните лековити својства на овој препарат. Со текот на времето станал с` поуверен дека пченичната трева е способна да ги исцели сите здравствени проблеми, вклучувајќи го и ракот.

Не знаев што може да очекувам, ама бев одлучен да продолжам. За седум дена се изгуби чувството на печење и ми беше подобро. Престанав да ги пијам препишаните таблети и оттогаш до денес не сум се напил апче. По еден месец болката целосно исчезна и знаев дека сум на патот на закрепнување. Пченичната трева дејствуваше. Ја донесов вистинската одлука – изјавил Дени, кој успеал да ја врати својата тежина од пред болеста. Почнал со 28 грама за да стаса до 200 грама пченична трева на ден.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top
trusted online casino malaysia minyak dagu mega888 pussy888 xe88 apk joker123 super 8 ways ultimate casino malaysia live22 mega888 免费电影 casino malaysia 918kiss