Free songs
Home / природен лек / Модриот патлиџан штити од создавање на тумор

Модриот патлиџан штити од создавање на тумор

Модриот или уште попознат како син патлиџан е зеленчук кој освен што може да се користи во многу јадења, во себе содржи многу лековити состојки, па редовно може да се најде на менито на скоро сите граѓани. Тој има енергетска вредност, протеини, јаглехидрати, малку масти и калории, диетски влакна, а најмногу вода.

modarpatlidzan-630x630Овој зеленчук е богат со целулоза и го потикнува работењето на органите за варење. Исто така, содржи значајна количина пектин, состојба која го намалува холестеролот. Модриот патлиџан е добар за срцето, бидејќи обезбедува значајна количина калиум што помага за нормализирање на крвниот притисок. Што се однесува до витамините и минералите, патлиџанот е вреден продукт бидејќи изобилува со калциум, фосфор, железо, калиум, витамините Ц, ПП, Б1 и Б2. Синиот патлиџан поради својствата што ги има во себе ги чува мембраните на мозочните клетки, ги чува клетките од создавање на тумор и тој се покажал како одлично средство за намалување на лошиот холестерол.

Тој се препорачува и на оние што имаат запек, како и за спречување на хемороиди и колит. Овој корисен зеленчук се препорачува да се користи во исхраната и на оние што држат диета. За приготвување, најдобар е да се вари на пареа, зошто пржен или похован прима големи количества маснотии. Откако ќе се купи патлиџан, тој треба да се чува во ладилник во пластично кесе најдолго пет дена и треба да стои подалеку од јаболка која произведува етилен и со тоа влијае на побрзо стареење на патлиџанот.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top