Home / аларм / Зошто „цупкаме“, кога ни се оди во WC?

Зошто „цупкаме“, кога ни се оди во WC?

Пиење на течности особено на високи температури е нормално и добро, за да успееме нормално да функционираме без последици по здравјето, за време на жешките летни денови.

Но, понекогаш се случува поради внесените течности да треба да одиме почесто во тоалет, а некогаш го немаме во близина. Тогаш неретко „цупкаме“ нога врз нога – нервозно. А дали знаете зошто баш цупкаме?

Сигурно сте се затекнале неколку пати во ситуација кога итно требало да го испразните меурот, а тоалетот во кој тоа би го направиле не е ни близу до вашиот видокруг.

За да си олесните, ја префрлуват тежината од нога на нога и „цупкате“ во место. Причината за тоа е конфликтот помеѓу потребата за одење во WC, на која мозокот реагира како желба за одредена акција, и сознание дека околностите не ни одат од рака и дека не можеме ништо да направиме. Акцијата ,,олеснување,,е оневозможена, но мозокот сеуште ги испраќа сигналите потребни за активирање на функциите и мускулите кои се ставаат во погон кога седнувате на тоалетот. Поради оваа забуна имате чуство дека морате да ги стегнете нозете ,, како не би пуштиле,, што се вели народски. а за да се намали притисокот на мочниот меур освен стегањето на нозете доаѓа и цупкањето.

Не ретко поради оваа состојба натерани сме и да испуштаме различни звуци пееме, викаме ааааааа, свиркамепрефрлуваме нога врз нога… често и несвесно.

Со такво однесување нема да си олесниме. Смирено и ладнокрвно однесување всушност би ни помогнало да издржиме додека не стигнеме до најблискиот тоалет. Научниците велат дека со цупкањето само се влошува состојбата и се напнува мочниот меур, па времето кое можеме да ,,додржиме,, се скратува. Тие препорачувааат смирен од, сталоженост, а најдобро е ако можете да ги окупирате мислите со нешто друго.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top